Свет
Мапа на коронавирусот – седумнаесет земји во ЕУ во црвената зона

Седумнаесет од 27 земји членки на Европската Унија, како и Обединетото Кралство, се наоѓаат во црвената зона на новата европска мапа на ограничувања на движењето. Картата ја објави Европскиот центар за спречување и контрола на болестите (ECDC) и само три земји на ЕУ се претежно зелени. Тоа се Норвешка, Финска и Грција.
Пет земји – Италија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија се главно означени со портокалова боја. Германија, Австрија, Шведска, Данска и Исланд не се обележани со боја поради недоволни податоци за тестовите.
Според препораките, спротивно на оние што доаѓаат од зелената зона, патниците од портокаловата и црвената (или сивата) зона може да бидат предмет на одредени ограничувања.
The first?map has just been published!
The maps include information on:
▪️ the 14-day notification rate of new confirmed #COVID19 cases at subnational level
▪️ weekly COVID-19 testing rates
▪️ testing positivity rates
▪️ a map with a combined indicator based on the algorithm pic.twitter.com/5fkPuduWwj— ECDC (@ECDC_EU) October 15, 2020
За да може еден регион да се класифицира во зелена боја, мора да има помалку од 25 нови случаи на 100.000 жители во последните две недели и помалку од 4 проценти позитивни тестови од вкупниот број тестирани. Регионот е во црвена зона кога бројот на нови случаи во последните две недели е поголем од 50 и кога процентот на позитивни од вкупниот број напаравени тестови е поголем од 4 проценти или кога критериумот за нови случаи надминува 150 на 100.000 жители.
Постојат два случаја во портокалова категорија, региони со помалку од 50 случаи на 100.000 жители, но процентот на позитивни е поголем од четири проценти или има помеѓу 25 и 150 нови случаи на 100.000 жители, но процентот на позитивно тестирани е помал од четири проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Во одлуката учествувале и двајца претставници од Хрватска – судијата Синиша Родин и адвокатката Тамара Ќапета.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.