Свет
Мевлут Чавушоглу: Одлуката на Хафтар да го напушти договорот за примирје во Либија, покажува кој сака војна
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека одлуката на Калифа Хафтар да не го потпишува договорот за прекин на огнот со Владата на национално единство (ГНА) покажува кој сака војна и кој сака мир, пренесува „Спутник“.
Во понеделникот премиерот на ГНА, Фајез Сараџ, и лидерот на либиската Национална армија (ЛНА), маршалот Калифа Хафтар, се сретнаа во Москва на разговори со посредство на Русија и на Турција, со надеж дека ќе постигнат прекин на огнот. Но, Хафтар тогаш ја напушти Москва без да потпише ништо, барајќи дополнително време за преглед на нацрт-договорот.
Чавушоглу додаде дека Турција сторила сé што може за да се обезбеди прекин на огнот, додавајќи дека ако Хафтар продолжи да го право тоа, либискиот самит планиран во Берлин нема да има смисла.
Во неделата ЛНА и ГНА објавија прекин на огнот, ефикасно запирајќи ја повеќемесечната офанзива за ЛНА за преземање на главниот град Триполи под водство на ГНА. Прекинот на огнот е кревок бидејќи двете страните се обвинуваат меѓусебно за негово кршење.
Во Либија има вооружен судир меѓу двете ривалски влади уште од 2011 година, кога нејзиниот долгогодишен лидер Моамер Гадафи беше соборен и убиен. Источниот дел на Либија сега е под контрола на ЛНА, а ГНА владее на запад. Ситуацијата ескалираше изминатите неколку месеци откако ЛНА почна нова офанзива на Триполи, кој е под контрола на ГНА и неодамна го освои крајбрежниот град Сирт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos
Свет
Руте: НАТО нема да учествува во воените операции против Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата нема да учествува во воени операции против Иран и дека станува збор за кампања што ја предводат САД и Израел.
„Не, ова е јасно кампања што ја предводат Американците и Израелците“, изјави Руте за Би-Би-Си, одговарајќи на прашање дали силите на НАТО ќе бидат вклучени.
Тој додаде дека сојузниците на НАТО и пријателите во регионот се соочуваат со, како што рече, неселективни напади од Иран и дека Европа апсолутно ги поддржува американските потези, оценувајќи дека Иран претставува закана за Европа, Израел и поширокиот регион.
Руте посочи дека имал повеќе разговори со американски претставници и дека Вашингтон и НАТО тесно координираат, но одби да открие дали однапред знаел за нападите.
Изјавата доаѓа во услови на ескалација на конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, со меѓусебни ракетни и дрон-напади и вклучување на Хезболах во борбите од јужен Либан.

