Свет
Медведев: Лондон де факто војува со Русија, британските власти се легитимна воена цел
Лондон практично води необјавена војна против Москва, што значи дека секој британски функционер може да се смета за легитимна воена цел, изјави денеска потпретседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, пренесува ТАСС.
Тој обрна внимание на изјавата на британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли, кој рече дека Украина има право да проектира сила надвор од своите граници.
„Денес, Велика Британија дејствува како сојузник на Украина обезбедувајќи ѝ воена помош во форма на воена опрема и експерти. Оттаму, таа де факто води необјавена војна против Русија. Поради тоа, секој нејзин јавен функционер (и воен и цивилен) кој придонесува во војната може да се смета за легитимна воена цел“, истакна Медведев.
Тој посочи дека Лондон бил и останува вечен непријател на Москва.
„Глупавите функционери на Велика Британија, нашиот вечен непријател, треба да имаат на ум дека според општо признатото меѓународно право што го регулира водењето војна во современи услови, вклучително и Хашките и Женевските конвенции со нивните дополнителни протоколи, нивната позиција може да се квалификува како да се во војна“, напиша Медведев на „Твитер“.
The UK’s Foreign Secretary Cleverly has stated that Ukraine “has the legitimate right to … project force beyond its borders to undermine Russia’s ability to project force into Ukraine itself.” According to him, legitimate military targets beyond Ukraine’s border are part of its…
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) May 31, 2023
Претходно, Клеверли одби да коментира дали Киев е вмешан во нападите со беспилотни летала врз Москва, но посочи дека нападите врз легитимните воени цели надвор од Украина се дел од нејзината самоодбрана.
Шефот на британската дипломатија посочи дека Киев има легитимно право да проектира сила надвор од своите граници за да ја поткопа способноста на Русија да проектира сила во Украина.
Во исто време тој нагласи дека нема да шпекулира за природата на нападот.
Вчера, во раните утрински часови, украински беспилотни летала извршија напади во Москва и оштетија станбени згради во југозападниот дел на градот. Еден дрон удрил во зграда во Нова Москва.
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека нападот со украински беспилотни летала врз Москва е терористички акт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Свет
Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи
Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али Хамнеи во невидена кампања за собирање разузнавачки информации, објави синоќа британски „Индипендент“.
Службениците ги надгледувале високо обучените и лојални обезбедувачи, телохранители и возачи на високи ирански функционери за да го забележат нивниот „модел на живот“, објави „Фајненшл тајмс“.
Овие податоци во реално време, вклучително и од камерите фокусирани на личниот комплекс на Хамнеи, биле шифрирани и пренесени назад до серверите во Тел Авив и јужен Израел.
Тие беа во можност да утврдат каде стражарите ќе ги паркираат своите автомобили преку инфилтрирана безбедносна камера свртена кон домот на ајатолахот.
„Го знаевме Техеран како што го знаеме Ерусалим“, изјави за весникот сегашен израелски разузнавачки службеник.
„И кога го познавате (местото) исто толку добро колку што ја познавате улицата на која сте пораснале, го забележувате секое нешто што не е на свое место“.
Планот за убиство на ајатолахот постоел со месеци и бил изменет кога се дознало дека врховниот лидер лично ќе присуствува на состанок кај него дома, изјавија официјални лица.
На денот на атентатот, израелските разузнавачи ги користеле податоците од сообраќајните камери, преку нив го потврдиле реалното време на состанокот.
Израелската војска соопшти дека нападите биле извршени во текот на денот за да се создаде елемент на шок и „му дозволиле на Израел да постигне тактичко изненадување по вторпат, и покрај силната иранска подготвеност“.
Мобилните телефонски услуги и комуникациските мрежи биле прекинати во обид да го остават Иран „зашеметен и збунет“, според генералот Ден Кејн, началник на заедничкиот штаб. „Координираните вселенски и сајбер операции ефикасно ги нарушија комуникациските и сензорските мрежи низ целата зона на одговорност, оставајќи го противникот без можност да гледа, координира или ефикасно да реагира“, рече тој.
Претседателот Доналд Трамп во интервју за „Фокс њус“, по нападот рече дека иранскиот лидер „бил елиминиран заедно со неговиот најблизок круг додека се собирале на појадок“.
Свет
САД дозволија евакуација на дел од персоналот од Кипар, Јордан и Пакистан
Американскиот Стејт департмент ги овласти службениците на американската влада кои не се вклучени во итни задачи, како и на нивните семејства, да го напуштат Кипар поради конфликтот поврзан со Иран.
Мерката е донесена поради ограничената можност на амбасадата на САД во Никозија да им помогне на американските државјани.
Во исто време, амбасадата на САД во Јордан ги откажа состаноците и им наложи на вработените и на американските државјани да побараат засолниште. Патничкиот совет за Јордан е на ниво „преиспитајте го патувањето“, поради ризици од тероризам и вооружен конфликт.
Стејт департментот нареди и персоналот што не е неопходен во конзулатите во Карачи и Лахор во Пакистан да ја напушти земјата со своите семејства.
Одлуката следува по протестите во Карачи, при кои биле убиени 10 лица и повредени околу 60, откако демонстранти се обиделе да упаднат во американскиот конзулат по убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, пренесе Ал Џезира.

