Свет
Медведев: Со Трамп сигурно нема да биде досадно
Дмитри Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност и еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека е малку веројатно украинската криза бргу да се реши, дури и со посредство на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп.
„Не знам што ќе може Трамп да постигне за време на неговиот втор мандат, но едно е сигурно – нема да биде досадно од самиот почеток. Брзото решавање на украинскиот конфликт изгледа малку веројатно, додека американската економија продолжува да расте со бавно темпо, а ниту борбата против имиграцијата не ветува многу успеси“, напиша Медведев на „Телеграм“.
Коментирајќи ги контроверзните предлози на Трамп, Медведев рече дека е тешко да се поверува оти идеите, како што се присоединување на Гренланд и Канада кон САД, се сериозни. Според него, Трамп се обидува да го преобликува светот според сопствената визија и да го претвори монотониот глобус во нешто шарено и впечатливо.
„Овие идеи не се ништо повеќе од диви и нереални шпекулации“, нагласи Медведев.
Тој иронично додаде дека Трамп може да смета оти целиот континент им припаѓа на САД со преземање на Канада, а Гренланд го гледа само како огромно парче земја што би ѝ припаднало на Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

