Свет
Меркел и Макрон разговараа со Путин за набавка на руската вакцина
Германската канцеларка, Ангела Меркел, францускиот претседател, Емануел Макрон, и рускиот претседател, Владимир Путин, разговараа за руската вакцина против коронавирусот „спутник В“, објави германската новинска агенција ДПА.
Тројцата лидери зборуваа преку видеоврска за руската вакцина, изјави портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт.
„Спутник“ допрва треба да биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).
„Оваа процена се прави според истите стандарди што важат за сите други вакцини“, рече Зајберт.
Според Кремљ, тројцата разговарале за можни испораки и заедничко производство на оваа вакцина во земјите на ЕУ.
Руската фармацевтска компанија „Р-фарм“ планира да ја произведува вакцината во баварскиот град Илертисен од јуни или јули.
ЕМА во моментот ја разгледува апликацијата за одобрување на „спутник В“ во ЕУ.
Експертите на агенцијата се очекува да ја посетат Русија во април за да ги испитаат производството и складирањето на вакцината.
Потоа компанијата може да аплицира за одобрување на пазарот во блокот. Европската комисија во моментот нема договор за набавка на „спутник В“.
Унгарија, членка на ЕУ, го прескокна тој чекор и итно ја одобри руската вакцина.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, во вторникот изјави дека Виена преговара со Москва за купување дози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

