Свет
Меркел најави повлекување, јавуваат светските медиуми
Германската канцеларка, Ангела Меркел, им пренела на првите луѓе во нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека нема повторно да се кандидира за претседател на партијата на изборната конференција што ќе се одржи во декември, јавува „Ројтерс“.
Според новинската агенција, која се повика на извор од ЦДУ, со одрекувањето на Меркел од претседателската функција ќе почне трката за наследник на местото на германската канцеларка.
„Блумберг“ јави дека веднаш по објавувањето на веста во Берлин, бил забележан пад на еврото на берзата.
„Билд“ пишува дека Меркел знае да ги чита знаците, па проценила дека е време некој друг да ја води „локомотивата Европа“.
На вчерашните регионалните избори во земјата, во покраината Хесен конзервативната Христијанска демократска заедница (ЦДУ) и Социјалдемократската партија на левиот центар доживеаја значителен пораз, додека Партијата на зелените и екстремно десничарската Алтернатива за Германија бележат подобри резултати. Во последните месеци, ЦДУ и СПД ја губат поддршката на национално ниво, а коалицијата речиси дојде до колапс. Изборите во Хесен се само две недели по оние во Баварија, каде партијата на Меркел претрпи огромни загуби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

