Свет
Мигрант под налог за депортација се предал кога убил свештеник
Бездомен нелегален мигрант од Тунис се предал по свирепото убиство на свештеникот Роберто Малгесини, кој беше убиен на плоштад во градот Комо, пренесува „Ил џорнале“.
Наводното убиство се случило во вторникот наутро на плоштадот Сан Роко. Телото на 51-годишниот свештеник е пронајдено во 7 часот наутро, а се верува дека починал од убодна рана во вратот. Тунижанецот веднаш ѝ се предал на полицијата и признал дека го убил отец Малгесини.
За време на признанието, Тунижанецот бил прекриен со крвта на свештеникот и на сослушувањето се пофалил дека отец Малгесини умрел како куче. Тој исто така тврдел дека свештеникот заговарал да го врати назад во Тунис.
За нелегалниот мигрант се вели дека претходно извршил кражби и грабеж.
Роберто Бернаскони, директор на католичката добротворна организација „Каритас“ во Комо, која им помага на мигрантите и барателите на азил, рече дека Тунижанецот има долга историја на ментални заболувања почнувајќи од 2015 година. Потоа беше откриено дека полицијата утврдила оти убиецот бил во состојба на конфузија, но немал психијатриски проблеми за време на нападот.
„Во Комо утрово, додека влегуваше во својата парохија, 51-годишен свештеник беше прободен до смрт од еден од многуте нелегални имигранти кои незаконски се наоѓаат во оваа земја. Проблемот не е бојата на кожата – може да се роди тука или од другата страна на светот – проблемот е почитување на правилата и покажување почит. Затоа што ако дојдеш во мојата куќа и почнеш да се мешаш, ќе те вратам во твојата куќа“, изјавил популистичкиот сенатор Матео Салвини.
Наводното убиство се случи само неколку дена откако Пакистанец се обиде да убие германски тинејџер во градот Котбус тврдејќи дека тоа го сторил за да избегне депортација и само неколку месеци откако мигрант во Торино беше осуден на 30 години затвор за убиството на Италијанецот Стефано Лео. Човекот подоцна признал дека го убил младиот Италијанец затоа што бил бел и изгледал среќен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
Свет
Фон дер Лајен најави нови санкции против Иран
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја осуди „прекумерната употреба на сила и континуираните ограничувања на слободата“ во Иран. Таа рече дека информациите за зголемениот број на жртви се застрашувачки.
„Европската унија веќе целосно го вклучи Корпусот на Исламската револуционерна гарда во својот режим на санкции за човекови права. Во тесна соработка со високата претставничка и потпретседателка Каја Калас, брзо ќе бидат предложени дополнителни санкции против оние што се одговорни за репресијата. Ние стоиме зад иранскиот народ кој храбро маршира за својата слобода“, рече таа.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
фото/Depositphotos

