Свет
Млади тајландски фудбалери исчезнале во поплавена пештара, во тек е потрага по нив
Екипи за пребарување и спасување се обидуваат да пронајдат 12 млади фудбалери од јуниорски тим кои заедно со нивниот тренер веќе два дена се заробени во поплавени пештери длабоко во планините, потврди тајландската полиција.
Во подножјето на пештерите Там Луанг, во северната провинција Чианг Раи, момчињата на возраст меѓу 11 и 15 години и нивниот 25-годишен тренер се загубиле во саботата. Се верува дека по обилниот дожд, се зголемило нивото на водата во внатрешноста на пештерата и им го блокирала излезот.

„Операцијата за спасување е во тек, но сè уште не сме ги пронашле“, рече началникот на полицијата, Камсан Саардиван, од наведената провинција, на 1 000 километри северно од Бангкок.
Во раните утрински часови припадници на службите за спасување и нуркачи од специјалната воена единица SEAL влегле во пештерата и стигнале во големата просторија, но таму немало деца.
„Верувам дека се живи, но сигурно се исцрпени, во текот на денот треба да имаме добри вести“, изјавил адмиралот Арпаркорн Јуконгкаев.
Тајланд е во средиштето на дождовната сезона кога пештерите често се поплавуваат. Момчињата биле на екскурзија по тренингот. Во внатрешноста на пештерата биле пронајдени отпечатоци од раце и нозе, како и нивните ранци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Олга Стефанишина: Украина преговара за купување ракети „Томахавк“
Украина е во преговори за купување ракети „Томахавк“ и друго оружје, изјави украинската амбасадорка во САД, Олга Стефанишина.
Нејзината изјава доаѓа во контекст на одбивањето на американскиот претседател Доналд Трамп да му ги предаде ракетите на Киев.
Во интервју за Блумберг ТВ, Стефанишина истакна дека дискусиите сè уште се во тек, но украинската страна има повеќе делегации кои работат на обезбедување на потребните финансиски ресурси за стекнување поголем воен капацитет.
Според неа, не станува збор само за „Томахавк“, туку и за разни други ракети со долг и краток дострел. Амбасадорката го опиша процесот како доста позитивен.
Kонечната одлука за ова останува во рацете на Доналд Трамп, кој изјави дека во моментов не размислува за таков чекор.
Свет
(Видео) Во Лондон по грешка осуденик бил пуштен од затвор – сам се вратил по три дена, снимката стана вирална
Маж кој по грешка бил ослободен од затвор истиот ден кога бил осуден, се вратил зад решетки сам по три дена на слобода, потврди полицијата. Вилијам Смит (35) се предал вчера во затворот ХМП Вандсворт, пишува Би-Би-Си.
Всушност, Смит бил ослободен во понеделникот и покрај тоа што бил осуден на 45 месеци затвор за повеќекратни измами во Крунскиот суд Кројдон истиот ден. Тој е еден од двајцата затвореници погрешно ослободени од Вандсворт во одделни инциденти во изминатата недела.
Би-Би-Си дознава дека ослободувањето на Смит се должи на административна грешка во судот – во компјутерскиот систем е внесена условна казна наместо затворска казна. Иако е направена корекција, наводно е испратена на погрешно лице, што довело до неверојатен пропуст. Откако Смит се предал, полицијата во Сари го повлекла апелот до јавноста за помош во неговото лоцирање. Видеото од неговото пристигнување во затворот стана вирален хит.
🚨NEW: ITV News have filmed wrongly released prisoner William “Billy” Smith handing himself in this morning following a 3 day manhunt.
pic.twitter.com/cOvqXgHfpG— PolitixBrief UK (@PolitixbriefUK) November 6, 2025
Министерот за правда, Дејвид Лами, е критикуван поради новите пропусти, особено откако по случајот на Кебату вети дека ќе воведе построги проверки за да се спречат слични инциденти.
Откако беше потврдено дека Смит е повторно во затвор, Лами напиша на социјалната мрежа X: „Зголемувањето на неправедно ослободувањата е неприфатливо. Ги модернизираме затворските системи – ја заменуваме хартијата со дигитални алатки за да ги намалиме грешките. Соработуваме со полицијата за повторно апсење на Брахим Кадур-Шериф.“
По враќањето на Смит, пратеникот од Либералните демократи Вил Форстер рече дека владата сè уште мора да се соочи со сериозни прашања за тоа како дошло до ослободувањето. „Нашите затвори не треба да се потпираат на систем на чест каде што погрешно ослободените луѓе се враќаат во затвор сами“, рече тој.
Најновите бројки покажуваат дека бројот на погрешно ослободувања се зголемил повеќе од двојно до март 2025 година, достигнувајќи 262 случаи во споредба со 115 претходната година. Марк Ферхерст, претседател на Здружението на затворски службеници, изјави за BBC дека во просек 22 затвореници погрешно се ослободуваат секој месец.
Свет
Чешкиот парламент го симна украинското, но го остави израелското знаме
Новата чешка влада го симна украинското знаме од зградата на парламентот, додека израелското остана поставено.
Наредбата ја издал новоизбраниот претседател на Долниот дом, Томио Окамура, лидер на крајнодесничарската Партија на слободата и директната демократија (СПД), веднаш по преземањето на функцијата.
Украинското знаме, кое се вееше покрај чешкото и знамето на Европската унија од февруари 2022 година, беше поставено како симбол на солидарност со Украина по почетокот на руската инвазија.
Поранешната претседателка на парламентот, Маркета Пекарова Адамова, го нарече потегот „срамен чекор против заедничките вредности“ на Чешка и Украина.
Опозициските партии, исто така, ја осудија одлуката, велејќи дека таа ја ослабува солидарноста на земјата со Украина и нејзината прозападна ориентација.
Во исто време, израелското знаме, поставено во октомври 2023 година, останува на зградата на парламентот заедно со чешкото и европското.
Партијата на Окамура SPD неодамна влезе во коалициска влада со движењето ANO (на Андреј Бабиш, победник на изборите) и со Десничарската партија на мотористите.

