Свет
Млад вооружен човек тргнал кон Белата куќа, а меѓу неговите мети биле Бајден и Цукенберг
Вооружен маж е приведен на пат кон Белата куќа, каде што планирал да убие неколку луѓе на високи позиции, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, објави „Лос Анџелес тајмс“.
Меѓу другите „мети“ беа и главниот советник за здравство во Белата куќа, Ентони Фаучи, поранешните претседатели Барак Обама, Бил Клинтон, како и Марк Цукерберг.
Судските документи покажуваат дека Куачуа Брилион Зионг (25) го започнал патувањето од Сакраменто, Калифорнија, а полицијата го запрела на 21 декември поради агресивно возење. За време на разговорите со полицијата, тој признал дека се упатувал кон Вашингтон за да се „бори против злите демони во Белата куќа“.
Тој рече дека работел во самопослуга додека „Господ не го повикал“ и се пожалил на работата на агенциите за спроведување на законот за наводна „злоупотреба на деца“ за време на мандатот на Џо Бајден.
Полицијата во автомобилот на уапсениот пронашла автоматско оружје „АР-15“, муниција, панцири, патрони и прибор за прва помош.
Според судските документи, Зионг тврдел дека тој е „единствениот човек кој може да ги ослободи САД од злото“ и дека е неопходно да се убијат оние што се на власт.
Тој рече дека ќе направи сè што е потребно за да ја заврши својата мисија и ќе се упати во Белата куќа веднаш штом ќе биде ослободен од притвор.
Сионг е обвинет за заканување.
Инцидентот не е прв планиран напад врз Бајден. Во мај полицијата го уапси Џон Торнтон (39) од Ново Мексико, кој се закани дека ќе оди во Вашингтон за да ги „убие демократите“, работниците во компјутерската компанија и некои членови на неговото семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

