Контакт

Свет

Навални отруен со „новичок“?

Објавено пред

Лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, веројатно бил отруен со супстанција од класата на инхибитори на холинестераза, велат лекарите од болницата  во Берлин. Во овие супстанции, како што објави „Дојче веле“, спаѓа и отровот „новичок“.

dobivaj vesti na viber

Тимот на лекари што го лекуваат Алексеј Навални објави дека на рускиот опозиционер, најверојатно, му е даден нервен отров. Тоа е сè уште непозната супстанција од класата на инхибитори на холинестераза. Случајот потсетува на нападот на двојниот агент Сергеј Скрипал во Лондон пред две години кога беше искористен отровот „новичок“.

Овој нервен токсин предизвикува верижна реакција на протеините, кој, ако не се излечи, може бргу да доведе до смрт. „Новичок“ го блокира производството на ензимот холинестераза, што е забележано и кај Навални.

Холинестеразата е важна во метаболизмот за распаѓање на невротрансмитерот ацетилхолин. Оваа супстанција има улога во будењето или задржувањето на вниманието. Ако ацетилхолинот повеќе не се разградува, тоа предизвикува нервниот систем да биде бомбардиран со неинхибирани дразби. Патеките за пренесување на сигналот во овој случај се целосно преоптоварени и се однесуваат лудо.

Информациите потоа се пренесуваат од нервите на телесното ткиво, мускулите и органите, што доведува до зголемени проблеми со плунката и дишењето затоа што пациентот веќе не може да ги контролира респираторните мускули самостојно. Парализата и конвулзиите може да бидат фатални доколку труењето трае премногу долго.

Лекарите најпрвин мора да го спречат пациентот да се задуши поради грчевите на респираторните мускули. Поради тоа, Навални бил веднаш ставен на вештачка вентилација.

Како противотров, лекарите користат „атропин“, алкалоид пронајден во Atropa belladonna (Atropa belladona, отровно растение популарно познато како луда трева, волчја цреша или кучешка јагода). Атропинот практично ги зафаќа рецепторите на ацетилхолин во клетките и со тоа го ослабнува ефектот на бомбардирање на ацетилхолинот.

Третманот мора да се продолжи сè додека холинестеразата во телото не почне повторно да функционира. Затоа лекарите во овој случај обично му даваат на пациентот друга активна состојка наречена пралидоксим со цел да се стимулира повторното производство на холинестераза.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Италија и официјално го прогласи фемицидот за кривично дело казниво со доживотен затвор

Објавено пред

Од

Италијанскиот парламент одобри нов закон со кој формално се воведува фемицидот во кривичниот законик на земјата, казнувајќи го со доживотен затвор.

dobivaj vesti na viber

Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ден одреден од Генералното собрание на ОН.

Поддржан од конзервативната влада на премиерката Џорџија Мелони, законот реагира на низа убиства и друго насилство насочено кон жените во Италија. Исто така, вклучува построги мерки против родово базирани злосторства, како што се следење и порнографија за одмазда.

Случаите со висок профил, како што е убиството на студентката Џулија Чечетин во 2023 година, предизвикаа широко јавно негодување и дебата за причините за насилство врз жените во патријархалната култура на Италија.

„Го удвоивме финансирањето за центри против насилство и засолништа, промовиравме телефонска линија за итни случаи и имплементиравме иновативни активности за образование и подигање на свеста“, рече Мелони.

„Ова се конкретни чекори напред, но нема да застанеме тука. Мора да продолжиме да правиме многу повеќе, секој ден“,додаде таа.

Италијанската агенција за статистика Истат регистрираше 106 фемициди во 2024 година, од кои 62 се извршени од партнери или поранешни партнери.

фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Тепачка во Белград: опозицијата се судри со полицијата

Објавено пред

Откако полицијата повторно ги блокираше пратениците од опозицијата кои се обидуваа да влезат во зградата на парламентот во Белград, пред зградата избувна стампедо и физичка пресметка.

dobivaj vesti na viber

Пратениците од опозицијата се обидоа да поминат низ таканаречениот Чациленд, шаторска населба пред влезот, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа, објавува Нова.рс.

Ескалацијата се случи кога претставниците на Националното движење на Србија, Ѓорѓе Станковиќ и на Зелено-левичарскиот фронт, Богдан Радовановиќ, се обидоа да го отстранат шаторот поставен на самите скали пред парламентот, по што беа нападнати од луѓе од протестниот камп и полицијата.

Ова е втор ден по ред како има инциденти на влезот во парламентот. Вчера полицијата се судри со претставници на партијата Србија центар (Срце), предводена од Здравко Понош, кои исто така се обидоа да влезат на главниот влез преку Чациленд.

Токму по овој инцидент, пратениците од опозицијата, на средба со претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ, побараа оградата околу шаторската населба да се помести за да имаат непречен пристап до своите работни места.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на прес-конференција изјави дека ќе има иницијатива „во врска со шаторите“. Иако не разјасни за што станува збор, неговата изјава сугерираше дека кампот наскоро би можел да биде отстранет.

фото: принтскрин Икс

Прикажи повеќе...

Регион

Сијарто: Унгарија ќе ѝ помогне на Србија во снабдувањето со енергенси и ја поддржува нејзината интеграција во ЕУ

Објавено пред

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Белград изјави дека Унгарија нема да ја остави Србија без енергенси и дека денес ќе бидат утврдени техничките детали за помошта во снабдувањето. Тој нагласи дека Србија секогаш можела да смета на Унгарија во енергетската соработка.

dobivaj vesti na viber

Сијарто оцени дека и Србија и Унгарија ја плаќаат цената на војната во Украина, иако немаат одговорност за конфликтот, и повтори дека војната „не може да се реши на бојното поле“. Тој рече дека двете земји силно се залагаат за усвојување на мировниот план предложен од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Унгарскиот министер изјави дека интерес на Европската унија е Србија што побрзо да стане членка и дека одредени земји го блокираат тој процес, додека, како што рече, истовремено ја туркаат Украина кон членство.

Тој додаде дека Унгарија ќе ѝ помогне на Србија и економски и енергетски, предупредувајќи дека намалувањето на снабдувањето преку гасоводи може да доведе земји во ранлива позиција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија,...

Свет2 часа

(Видео) Русија реагира на протечениот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин

Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп...

Регион3 часа

(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што се исфрли морето на брегот

Шокантни слики доаѓаат од Јадранот, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило...

Свет3 часа

(Видео) Дали конечно е блиску крајот на војната во Украина: Остануваат три клучни пречки

Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“...

Свет3 часа

(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што,...

Свет4 часа

„Донецк и размена на територии“: Целиот транскрипт од разговорот меѓу луѓето на Трамп и Путин

Блумберг објави транскрипт од телефонски разговор помеѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, и...

Свет5 часа

Трамп се откажа од ултиматумот за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се повлече од ултиматумот што ѝ го даде на Украина да го прифати американско-рускиот мировен...

Свет5 часа

Претседателот на Тајван: Ќе предложам да потрошиме уште 40 милијарди долари за одбрана

Тајван ќе воведе дополнителни 40 милијарди долари за одбрана за да ја нагласи својата решителност да се брани, изјави претседателот...

Свет5 часа

Кина: Ќе ги потиснеме сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван

Кина денес предупреди дека ќе ги „потисне“ сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван, откако Јапонија објави планови...

Свет6 часа

Објавени транскриптите, Виткоф до човекот на Путин: Знам што е потребно за да се постигне договор

Пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, по успехот на мировниот договор за Газа, минатиот месец оствари телефонски разговор со висок функционер...

Македонија20 часа

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните...

Свет21 час

Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД

Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер...

Македонија21 час

Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра

Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра....

Македонија22 часа

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е...

Македонија23 часа

Не е работа на бранителот да биде судска достава, забележаа адвокатите и побараа судот да им го достави интегрираното обвинение и на обвинетите за „Пулс“

Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ...

Македонија24 часа

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за искористување на мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи,...

Топ1 ден

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија1 ден

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа1 ден

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија1 ден

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...