Свет
Навални треба да плати 1,4 милиони долари поради клевета

Московскиот арбитражен суд им наложи денеска на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и на неговите соработници да ѝ платат 1,4 милиони долари отштета на фирмата која им доставува храна на московските училишта.
Судот заклучил дека Навални и соработниците и предизвикале морална штета на московската компанија и им наложил да ја избришат видеоснимката во која го доведуваат во прашање квалитетот на нејзината храна.
Во меѓувреме, државното обвинителство отвори истрага за наводно перење пари на Фондацијата на Навални, што се однесува на 15 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Словенија го укина полицискиот час

По 11-дневна блокада, денес во Словенија се олеснуваат епидемиолошките мерки, а се укинува и шестмесечниот полициски час и се отвораат училиштата.
Часовите ќе започнат повторно во основните училишта, додека во средните училишта ќе се воведе алтернативен модел според кој групите средношколци кои доаѓаат на училиште ќе се менуваат еднаш неделно со оние што слушале часови дома.
Факултетите и средните училишта, сепак, ќе имаат нешто построг режим на настава со помали групи до 10 студенти односно ученици.
Повторно ќе бидат отворени продавниците и културните институции, а ќе биде укината и забраната за спортски активности со најмногу 10 лица.
Баровите и рестораните ќе можат да доставуваат храна и пијалоци.
Носењето заштитни маски во затворен простор останува задолжително, но носењето маски на отворено е укинато, мерка што беше многу непопуларна во Словенија за време на полицискиот час.
Свет
Полицијата уби 20-годишно момче во САД

На само 16 километри од местото каде што беше убиен Џорџ Флојд, полицијата вчера повторно уби млад човек од афроамериканско потекло.
Според „Ројтерс“, тој бил запрен поради сообраќаен прекршок, но полициската интервенција завршила со негово убиство. Во моментов се организираат протести пред зградата на полицијата во Бруклин, каде се случи убиството.
Лутите демонстранти се судрија со полицијата, која беше принудена да употреби солзавец и гумени куршуми.
Members of an angry crowd vandalized two police vehicles after the death of a man who was shot by an officer about 10 miles from where George Floyd died during his arrest last May in Minneapolis, a Reuters witness said https://t.co/pxNZcoCZjd pic.twitter.com/o5zCy40k94
— Reuters (@Reuters) April 12, 2021
Демонстрантите извикуваа: „Правда за Џорџ Флојд“ и оштетија две полициски возила.
Младиот човек кој беше убиен е идентификуван како Дони Рајт и имал само 20 години.
Во полициско соопштение се вели дека Дони Рајт бил рутински запрен додека возел, дека од претресот било откриено дека е распишана потерница за него и дека седел во неговиот автомобил по обидот за апсење, обидувајќи се да избега, но еден од полицајците пукал во него.
Тој, сепак, избегал, но удрил во друг автомобил недалеку од местото на инцидентот и починал, објави „Ројтерс“.
Џорџ Флојд беше задавен за време на неговото апсење, кога полицаец клекна на него и го задави со коленото врз вратот.
Свет
Најголемото жариште на опасниот бразилски сој П1 е во Канада

Најголемото жариште на опасниот бразилски сој П1, што однесе десетици илјади животи во Бразил, се наоѓа во канадскиот скијачки центар Вистлер, во Британска Колумбија, објави Гардијан.
Провинциските власти мораа да го затворат одморалиштето кон крајот на март кога сфатија дека меѓу оние кои се заболени од коронавирусот има и со бразилски мутиран тип на Ковид-19.
Додека канадските провинции уриваат негативни рекорди за бројот на заболени од Ковид-19, експертите се многу загрижени за опасното и брзо ширење на разните соеви.
Од 877 потврдени случаи на сојот П1, има речиси 200 заразени во Британска Колумбија, што го прави најголемо жариште на бразилскиот сој надвор од јужноамериканската држава, каде има повеќе од милион активни случаи, а бразилските власти велат дека околу 90 проценти од пациентите страдаат од П1-вирусот.
Се верува дека П1 е многу заразен и значително фатален за помладите луѓе, и има голема моќ да ги реинфицира луѓето кои прележале Ковид-19.
Претходните студии покажаа дека може да изврши реинфекција на 25 до 61 процент од луѓето кои го прележале Ковид-19, но вистинскиот број ќе се утврди само кога ќе се знае повеќе за бразилскиот мутиран тип.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш