Свет
НАСА избра нови астронаути: „Се враќаме на Месечината“
НАСА денес претстави 10 нови кандидати за астронаути, избрани од 8.000 пријавени, кои ќе се приклучат во нејзините редови во клучен момент додека агенцијата се подготвува да се врати на Месечината и првата човечка мисија на Марс, објави Си-ен-ен.
Новата класа се состои од шест жени и четири мажи, а вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи, ги нарече „најдобрите и најпаметни во Америка“.
„И ќе ни требаат најдобрите и најпаметни Американци за сите наши планови за истражување во иднина“, рече Дафи. „Се враќаме на Месечината… И ќе ви кажам само едно, ќе бидам проклет ако Кинезите ја престигнат НАСА или ја престигнат Америка во враќањето на Месечината“.
Патот што претстои
Десетте нови астронаути ќе ги поминат следните две години во интензивна обука. „Тие ќе учат за историјата на НАСА и за нашата визија за иднината, ќе посетуваат часови по геологија и преживување во вода и здравје во вселената“, рече Стивен Кернер, заменик-администратор на вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА додавајќи: „Тие дури и ќе тренираат во нашите високоперформансни млазни авиони“.
По завршувањето на обуката, новата класа ќе им се придружи на преостанатите членови на астронаутскиот корпус и ќе се квалификува за задачи за летање. Во времето на последниот избор во 2021 година НАСА сè уште имаше една деценија операции на Меѓународната вселенска станица (МВС) пред себе. Сега, агенцијата се подготвува постепено да ја укине МВС до почетокот на 2030-тите и да премине на нови вселенски станици управувани од приватниот сектор.
Норман Најт, директор за летачки операции на НАСА, рече дека многу од новите кандидати ќе имаат можност да ја посетат МВС, но нагласи дека станицата служи како лабораторија за учење за потешки мисии подлабоко во вселената. „Секоја лекција научена на станицата го отвори патот за местото каде што одиме: до Месечината – овој пат за да останеме – и до Марс“, рече тој.
Иако поискусните астронаути, веројатно, ќе бидат избрани за првите мисии на Месечината, како што е мисијата „Артемис II“ планирана за в година, НАСА се надева дека оваа млада група астронаути би можела да се квалификува за подоцнежните летови во програмата „Артемис“, а можеби дури и за патување до Марс, каде што ниеден човек досега не патувал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) „Европските идиоти сакаат војна, ова е она што ќе го добиете“, рече Медведев и објави снимка од руски напад со балистичка ракета
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, објави снимка од руски напад врз западна Украина, во кој беше искористен системот „орешник“, како предупредување до европските функционери кои, како што наведе, ја промовираат идејата за распоредување на НАТО и европски трупи во Украина.
„На крајот на краиштата, владејачките европски идиоти сакаат војна во Европа. Илјада пати е кажано: Русија нема да прифати никакви европски или НАТО трупи во Украина, но не – ‘Микрон’ (францускиот претседател Емануел Макрон) продолжува да ја шири оваа бедна глупост. Па добро, тогаш, да се соочиме со тоа. Ова е она што ќе го добиете“, напиша Медведев на социјалната мрежа Икс, приложувајќи снимка од надзорни камери од напад со ракетниот систем „орешник“, пренесува агенцијата РИА Новости.
The ruling European dimwits want a war in Europe after all. It’s been said a thousand times: Russia won’t accept any European or NATO troops in Ukraine, but no, Micron keeps peddling this pathetic bullshit. Well, come on then. This is what you’ll get: pic.twitter.com/6XqMMn2ILP
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) January 10, 2026
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во ноќта меѓу 8 и 9 јануари е изведен напад на територијата на Украина, меѓу другото и со балистичка ракета „орешник“, наведувајќи дека тоа е одговор на наводниот напад врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Валдaј кон крајот на декември.
Командата на Воздухопловството на Вооружените сили на Украина соопшти дека балистичката ракета со која на 8 јануари бил нападнат Лавов се движела со брзина од околу 13.000 километри на час.
Зеленски: Рускиот напад со „орешник“ беше демонстративно блиску до границата со ЕУ
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека рускиот ракетен напад со „орешник“ бил „демонстративно“ близу до границата меѓу Украина и Европската Унија.

Во своето обраќање, Зеленски рече дека балистичката ракета со среден дострел „орешник“ претставува предизвик и за земјите членки на ЕУ, како што се Полска, Романија и Унгарија, пренесе Ројтерс.
Свет
Сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, рече главниот обвинител на Иран
Главниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад, изјави дека сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, според иранските државни медиуми. Ова дело е казниво со смрт, пренесува Скај њуз.
Оваа одредба се однесува на „бунтовниците и терористите“ кои оштетиле имот и ја загрозиле безбедноста, како и на сите оние кои им помогнале, рече Мовахеди Азад.
Обвинителството треба брзо да ги подготви судењата и да не покажува никаква „благост, сочувство или попустливост“, додаде тој.
Иранската војска соопшти дека САД и Израел стојат зад неодамнешните немири во неколку градови низ земјата, предупредувајќи ги граѓаните за, како што рече, странски заговори насочени кон дестабилизација на Иран.
Во соопштението, армијата ги повика граѓаните да останат внимателни, да го зачуваат националното единство и да не подлегнуваат на, како што се наведува, „лажни тврдења за поддршка на иранскиот народ“. Се вели дека „непријателот“, чии „раце се извалкани со крвта на Иранците“, се обидува да поттикне нов бунт со лажни тврдења за поддршка на иранскиот народ.
Иранската полиција, пак, издаде предупредување до граѓаните со деца поради тековните протести.
– Со оглед на присуството на терористички групи и вооружени лица на некои собири и нивните планови за предизвикување смртни случаи, ги советуваме семејствата да се грижат за своите деца и тинејџери. За да се заштитат животите и имотот на луѓето, во тек е бескомпромисна и решителна акција против терористите – се вели во соопштението.
Протестите во Иран траат од 28 декември поради зголемувањето на цените и влошувањето на животниот стандард, откако вредноста на националната валута падна на рекордно ниско ниво.
Свет
(Фото+видео) Киев без струја, вода и греење по руски ракетен напад
Главниот град на Украина, Киев, се соочува со вонредни прекини на електричната енергија, поради кои се запрени системите за вода, греење и електричен сообраќај, соопшти градската администрација.
Одлуката е донесена по наредба на операторот на украинската енергетска мрежа „Укренерго“, а екипи на електроинженери работат на обновување на снабдувањето.
Minus fifteen.
This is no longer weather. This is a weapon.Russia struck thermal power plants.
Not the front line. Not the army.
Heat. Light. Survival.Kyiv is dark.
Dnipro is dark.
Odesa is dark.Minus fifteen.
People will die now without bleeding.
From cold rooms. From… pic.twitter.com/8n5PCI0byx— inna shevchenko (@femeninna) January 9, 2026
No, this is not a nuclear explosion. The rest of the world can still sleep and live in peace. This is just another night in Ukraine, the view from the window of an ordinary Kyiv resident.
You watch this through your phone screens, while we watch it from the windows of our own… pic.twitter.com/3jS0r0xsLg
— Katerina Horbunova (@blue_eyedKeti) January 9, 2026
Синоќа, најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во руски напади со дронови и ракети врз Киев. Вонредни исклучувања на струја се воведени во сите делови на престолнината, а слични напади се пријавени и во Одека, Криви Рог, Харков и Дњепропетровск.
Според руското Министерство за одбрана, нападите биле насочени кон енергетски објекти и складишта за гориво, како и кон инфраструктурата на украинскиот воено-индустриски комплекс. Украина ги потврдува експлозиите и прекините во снабдувањето, а последиците ги чувствуваат илјадници жители.

