Свет
НАСА објави спектакуларна фотографија од формирање ѕвезди
НАСА објави досега невидени фотографии од комплексот облак „Ро Офиучи“ во чест на првата година од работењето на телескопот „Џејмс Веб“.
Cheers to our first year! 🥂
Let’s celebrate one year of Webb science by taking a brand-new look at Sun-like stars being born, in this detailed close-up of Rho Ophiuchi, the closest-star-forming region to Earth. https://t.co/jXJgjb4mFj pic.twitter.com/yi891eVDHp
— NASA Webb Telescope (@NASAWebb) July 12, 2023
Живописниот поглед на ѕвездите слични на сонцето во комплексот облаци „Ро Офиучи“, оддалечен 390 светлосни години, е првпат истражувачите да може да го видат регионот со ситни детали, без одвлекување на вниманието од ѕвездите во преден план.
Во соопштението со фотографијата вселенската агенција ја нарече „динамична фоотографија што ја демантира релативната тишина на регионот – и практично бара објаснување за тоа што точно гледаме“.
„Фотографијата на Веб на ‘Ро Офиучи’ ни овозможува да бидеме сведоци на многу краток период во животниот циклус на ѕвездите со нова јасност“, рече Клаус Понтопидан, научник за проектот на Веб во Научниот институт за вселенски телескоп во Балтимор, Мериленд.
„Нашето сонце помина низ оваа фаза многу одамна, а сега ја имаме технологијата да го видиме почетокот на приказната за друга ѕвезда“, додаде Понтопидан.
Некои ѕвезди на фотографијата покажаа „сенки што укажуваат на протопланетарни дискови“, потенцијални идни планетарни системи во создавањето, според соопштението на НАСА што го објави „Гардијан“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

