Контакт

Свет

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Објавено пред

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а потоа фрлале саксии од повисоките катови кога пристигнало засилување.

Полицијата одговорила со солзавец, па демонстрантите повторно ги гаѓале со стрели, а подоцна се случил и трет напад со вакво оружје. Ниту еден од полицајците не е повреден.

Полицијата соопшти дека на местото на настанот биле запленети шест стрели.

Студенти и други демонстранти неделава се собраа во главниот универзитетски кампус во Хонгконг подготвувајќи се за отпор во случај полицијата да се обиде да ги протера од таму.

Протестите во оваа поранешна британска колонија, сега под делумна управа на Кина, се квалификуваат како продемократски, а почнаа пред повеќе од пет месеци и ги поделија жителите.

Градот со 7,5 милиони луѓе веќе четврти ден е погоден со масивни прекини во транспортот бидејќи демонстрантите блокираа некои од поголемите улици и железнички линии.

Има илјадници луѓе што не успеале да стигнат на работа, па затоа властите ги повикаа работодавците да покажат флексибилност. Во прекин е и наставата во повеќето училишта во Хонгконг.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Објавено пред

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се разбуди солидарноста на граѓаните кон стотици гладни и бездомници.

Студијата објавена во меѓународното списание „Вејст менаџмент“ ги потврди податоците дека просечно 75 килограми храна по глава на жител се фрла годишно во Хрватска. Надгледувани биле 115 хрватски домаќинства од мај до септември 2017 година и колку храна фрлаат. Кога тежината на фрлената храна се множи со бројот на жители, може да се заклучи дека само домаќинствата во Хрватска фрлаат најмалку 300.000 тони храна годишно.

77 отсто од вкупната количина храна фрлена е на домаќинствата, додека околу 92 кг храна по глава на жител се фрлаат во Европа, од кои повеќе од половина се домаќинства.

Прикажи повеќе...

Свет

Шојгу: Односите меѓу Русија и НАТО само се влошуваат

Објавено пред

Односите меѓу Русија и НАТО се повеќе се влошуваат, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Пред пет години, имавме многу активна соработка. Се чинеше дека имаме опции и можности да продолжиме напред во имплементацијата на (договорот). За жал, сето ова не само што запре, туку од година во година деградира”, изјави Шојгу за Телевизија „Русија 1“.

Тој додаде дека Русија ја оставила отворена вратата за соработка.

Минатиот вторник, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Северноатлантската алијанса се однесувала некоректно кон Русија и дека НАТО ги отфрлил предлозите на Москва за партнерска соработка.

Путин, пак, повтори дека Русија, како и претходно, е подготвена да соработува со НАТО и изрази надеж дека ќе преовладаат заедничките безбедносни интереси во дијалогот на Москва и НАТО.

Прикажи повеќе...

Регион

Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Објавено пред

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради временските услови, магла и смог што го опфатија градот.
        
Густата магла и смог создаваат исклучително слаба видливост, што го оневозможува слетувањето во главниот град.

Според податоците за распоредот на летови на аеродромот во Сараево, авионите од Берлин и Истанбул не можеле да слетаат во Сараево, додека откажани биле и летовите од Будимпешта, Минхен, Белград, Виена, Ријад и Загреб.
        
Покрај тоа, откажани се летовите за Берлин, Истанбул, Ријад, Белград, Загреб, Виена и Минхен.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Топ6 часа

(Видео) Страотна сообраќајка во Бутел – излетал oд патот, ја пробил оградата и се превртел на булеварот

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски...

Регион7 часа

Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради...

Топ10 часа

Девојче повредено во тешка сообраќајка на Качанички пат

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот добило скршеница на...

Топ11 час

Напаѓачот кој прободе момче во Бутел има 12 години, кривична ќе добие и неговиот татко

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12...

Македонија11 час

Се запали стан на „Рузвелтова“, пожарот избил при готвење

Скопската противпожарна бригада денеска интервенираше при пожар кој изби во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“. Според информациите од терен,...

Македонија13 часа

Османи: Венецијанската комисија не вели да се отфрли двојазичноста во судството, туку да се создадат услови

Секој обид за еднострано поместување на балансот во македонско-албанските односи кој е постигнат со многу труд, со многу жртва од...

Култура13 часа

Две престижни признанија за документарецот „Медена земја“ во Лос Анџелес

Документарецот „Медена земја“ освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди (ИДА), што се одржаа вчеравечер (7. декември) во...

Свет14 часа

Оружје пронајдено кај демонстранти во Хонгконг, еден од нив имал и пиштол

Во полициска акција спроведена пред почетокот на денешните протести во Хонгконг, уапсени се 11 лица кај кои е пронајдено оружје....

Топ14 часа

Кривична против дилер од Арачиново во чиј автомобил бил пронајден хероин

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишник од скопското село Арачиново, откако во автомобил кој го управувал бил пронајден хероин....

Македонија16 часа

Пендаровски: Делото на Свети Климент Охридски е од значење за севкупната европска култура

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска...

Регион1 ден

(Видео) Разбојници барале 250.000 евра за Македонец киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин. Според информациите...

Македонија1 ден

Полесно повредените македонски патници во автобуската несреќа во Србија се враќаат дома

Според последните информации добиени од болницата во Прокупље, каде беа згрижени 16 од вкупно 26 патници повредени откако се преврте...

Македонија1 ден

Полицијата разби криминални групи од Грчец и Арачиново – 12 приведени, запленети автомобили, оружје и дрога

Десет лица од скопските села Грчец и Арачиново се уапсени во големата полициска акција која започна денеска во пет часот...

Македонија1 ден

Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно забелешките на Венецијанската комисија

Премиерот Зоран Заев најави ревидирање на Законот за јазици во согласност со забелешките на Венецијанската комисија. „Законот за јазици ќе...

Економија2 дена

Арсовска: Македонија ја нема на ранг листата на светски препознатливи брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на...

Македонија2 дена

Сараево, Белград и Скопје меѓу најзагадените градови во светот

Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу најзагадените градови во светот. Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е второрангиран...

Топ2 дена

Момче избодено со нож во Бутел, го нападнале група малолетници

Во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека синоќа околу 19.45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат...

Свет2 дена

Трамп тврди дека не користи личен мобилен поради безбедносни ризици

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негира медиумите дека користи личен мобилен телефон за разговори и покрај предупредувања од безбедносите служби....

Свет2 дена

Голем пожар му се заканува на Сиднеј, се евакуира населението

Голем пожар што беснее околу 60 километри северно од Сиднеј, зафати 300.000 хектари и е невозможно да се контролира во...

Досие