Контакт

Свет

Најмалку две жртви во ураганот на Флорида, властите најавуваат нова опасност

Објавено пред

Најмалку две лица загинаа кога ураганот Мајкл ја погоди Флорида со јачина од четврта категорија, што е едно ниво под најсилниот ранг на урагани. На Флорида, во Алабама и Џорџија речиси половина милион луѓе се без електрична енергија, пренесуваат американските медиуми.

Првично, претставници на властите во Флорида соопштија дека едно лице загинало откако дрво паднало врз него, но Еј-би-си њуз објави и дека едно дете загинало на езерото Семинол, на територија на сојузната држава Џорџија.

Официјални лица во Јужна Каролина изјавија дека повеќе се грижат за евентуални торнада отколку за поплавите што, како што предупредуваат метеоролозите, ќе ги донесе ураганот Мајкл.

Метеоролошката служба соопшти дека торнада се можни во северозападна Флорида, југоисточна Џорџија и Јужна Каролина.

Околу 320.000 луѓе не биле евакуирани од брегот на Мексиканскиот Залив на Флорида, пред доаѓањето на ураганот, изјави во средата американски претставник на Црвениот крст.

Иако државните и локалните власти издадоа наредби за евакуација на околу 325.000 луѓе, Управата за вонредни состојби соопшти дека не е јасно колку луѓе ја напуштиле областа, но рече дека 6.000 лица биле сместени во 80 засолништа во пет федерални држави, објави агенцијата АП.

Регион

Нова демократија повторно побара објавување на писмото со оставката на Коѕијас

Објавено пред

Водечката грчка опозициска партија Нова демократија повторно порача дека писмото со оставката на поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас мора да биде објавено во јавноста, пренесе грчката новинска агенција „АНА“

„Писмото мора да биде објавено. Доколку премиерот Ципрас се плаши, тогаш Коѕијас има обврска тоа да го направи“, пишува во соопштението.

Претходно Панос Каменос, грчкиот министер за одбрана и лидер на десничарската партија Независни Грци, кој е малцински партнер во владата на Ципрас, порача дека не треба да се очекува пад на актуелната влада во Атина.

Тој рече дека изборите во Грција ќе бидат одржани или во октомври или на крајот на четиригодишниот мандат на владата, или пак во мај следната година.

Каменос нагласи дека до март, односно тогаш кога преспанскиот договор ќе се најде во грчкиот парламент, по ова прашање нема да се расправа со партнерот во владата.

Прикажи повеќе...

Свет

Орбан: ЕУ сака да созаде европска империја

Објавено пред

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан ги повтори тврдењата дека Европската Унија сака да создаде европска империја, којашто ќе ги покори земјите на континентот.

Орбан ги повика избирачите да го отфрлат глобализмот и да ја поддржат културата на патриотизам на европските парламентарни избори следната година.

Унгарскиот премиер истакна дека доколку миграцијата продолжи, Европјаните ќе станат малцинство, а теророт ќе биде дел од животот во поголемите градови.

Прикажи повеќе...

Свет

Обама: Повеќе луѓе доаѓаат на музички фестивал, отколку на избори

Објавено пред

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама изјави дека на последните претседателски избори одржани во 2016 година, во три американски сојузни држави гласале помалку луѓе од бројот на оние кои го посетиле музичкиот фестивал „Коачела“ во Калифирнија.

Тој ги повика избирачите да излезат на изборите во ноември за Претставничкиот дом на Конгресот и Сенатот.

„Не постои добар изговор за да не се гласа“, порача Обама.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Ајде да донесеме закон за амнестија за да нема селективна правда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 23 Октомври од говорницата побара да биде донесен закон за амнестија за...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ слави без Груевски, исклучените членови и разрешените функционери

Ниту еден од исклучените партиски членови и разрешените функционери не пристигна во Македонскиот народен театар, каде вечерва ВМРО-ДПМНЕ одржува свеченост,...

Македонија8 часа

Јанчев: Барам јавно извинување и од Христијан Мицковски и од Александар Николовски или ќе ги тужам за клевета

На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија9 часа

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија9 часа

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет10 часа

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет10 часа

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија11 час

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет12 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет12 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија22 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија1 ден

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија1 ден

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија1 ден

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија1 ден

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија1 ден

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија1 ден

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија1 ден

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток1 ден

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Досие