Свет
(Видео) Најмалку 13 лица загинаа во пожар во ноќен клуб во Тајланд

Најмалку 13 лица загинаа, а 35 се повредени кога избувна пожар во ноќен клуб во Тајланд.
Пожарот избувнал во 1 часот по полноќ во ноќен клуб во источната провинција Чонбури, соопштија полициски претставници, пренесе „Ројтерс“.
Причината за пожарот сè уште не е позната, а утврдено е дека сите 13 жртви се од тајландска националност.
Местото каде што избувна пожарот се наоѓа на околу 180 километри југоисточно од главниот град Бангкок.
Снимките од локалните медиуми покажуваат луѓе како бегаат од ноќниот клуб, а пожарникарите го гаснат пламенот.
Премиерот Прајут Чан-оча ги увери семејствата на жртвите дека ќе добијат помош и апелираше до објектите за ноќно излегување да обезбедат соодветни излези за итни случаи и да ги спроведат сите безбедносни мерки, пренесе „Танјуг“.
13 people have died and over 40 have been injured as a result of a heavy fire at a pub in the eastern Thai province of Chonburi.
The incident took place at the Mountain B Pub in the Sattahip district.#Thailand #nightclub pic.twitter.com/wy33y2j2w7— Prateek Pratap Singh (@PrateekPratap5) August 5, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Во живо) Прво обраќање на Вучиќ за немирите во Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, се обраќа за немирите што од синоќа се случуваат на северот на Косово, кај селото Бањска.
- Според досегашните информации на властите во Приштина, вооружена група пукала кон косовски полицајци, пришто еден загина, а други двајца беа повредени.
- Во престрелките што траеа во текот на целиот ден, според информациите на косовската полиција, застрелани беа три лица од вооружената група, а приведени петмина.
- Меѓународната заедница ги осуди нападите.
- Вооружената група потоа упадна во дворот на Бањскиот манастир, а верниците и свештените лица останаа внатре. Рашко-призренска епархија по неколку часа објави дека групата се повлекла и во манастирот е мирно, но има неизвесност и загриженост кај монасите и верниците.
- Косовскиот премиер, Албин Курти, за состојбата на северот директно ја обвини Србија дека ги финансирала и поддржала напаѓачите, опишувајќи ги настаните како терориризам.
- Во близина на манастирот, во хотел има и седум македонски државјани, меѓу кои и дете. Косовска полиција го обезбедува хотелот, велат од МНР.
Регион
Борел разговараше со Курти и Вучиќ

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска разговараше со премиерот на Косово, Албин Курти, по повод престрелките во Косово што Приштина ги опиша како терористички напад и го обвини Белград, а загина еден косовски полицаец.
Борел најостро ги осуди денешните постапки, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи.
Тој изрази сочувство до семејството, колегите и роднините на убиениот полицаец, а на повредените полицајци им посака брзо закрепнување.
Како што се додава, Борел разговарал и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Борел го повторил барањето до напаѓачите веднаш да се предадат и да ги ослободат верниците од манастирот Бањска.
Регион
Рашко-призренска епархија: Во манастирот мирно, но има неизвесност и загриженост кај монасите и верниците

Од Рашко-призренската епархија соопштуваат дека состојбата во Бањскиот манастир во моментов е мирна, иако се уште се чувствува страв поради денешните случувања и во околината и во самата манастирска капија.
Вооружените лица кои претходно денеска ја пробија капијата го напуштија манастирот. Во моментов е забележано присуство на косовската полиција пред влезната капија и во дворот на манастирот, се наведува на веб-страницата на Рашко-призренската епархија.
Во конакот на манастирот сè уште е игуменот со неговите браќа, како и група верници од Нови Сад, меѓу кои има и две малолетни деца.
Од управата на манастирот известуваат дека засега сите се добро, дека се одржуваат редовни богослужби во параклисот на манастирот, со надеж дека оваа драма ќе заврши што поскоро, информираат од Рашко-призренската епархија.