Контакт

Свет

Најмалку 14 лица загинаа во вулканска ерупција на островот Јава

Објавено пред

Најмалку 14 лица загинаа во ерупцијата на вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава, а околу 1,3 илјади луѓе се евакуирани, соопшти Агенцијата за ублажување на катастрофу (БНПБ).

dobivaj vesti na viber

Официјални лица велат дека се повредени 56 лица, а повеќето се со изгореници, пренесува Ројтерс.

Семеру во саботата исфрли големи количества гас, пареа и пепел што ги прекри околните села во провинцијата Источна Јава и ги принуди луѓето да бегаат во паника.

Спасувачките екипи трагаат по жртви во области покриени со слоеви пепел.

Ерупцијата уништи згради и го прекина сообраќајот преку стратешкиот мост што поврзува две области во блиската област Лумајанг со градот Маланг, соопштија властите.

Семеру е висок повеќе од 3,6 илјади метри и е еден од речиси 130-те активни вулкани во Индонезија.

Свет

Пукање во училиште во Денвер – ученик повреди двајца професори, полицијата трага по напаѓачот

Објавено пред

Двајца возрасни лица се повредени денеска при пукање во средно училиште во Колорадо.

dobivaj vesti na viber

Пукањето се случило во средното училиште „Ист“, а напаѓачот е во бегство, соопшти локалната полиција, пренесува „АП“. Во инцидентот повредени се двајца членови на наставниот кадар.

„Ученик застрела и рани двајца возрасни во средно училиште во Денвер во средата. Едниот е на операција, а другиот е стабилен и може да зборува за тоа што се случило“, изјави градоначалникот Мајкл Хенкок за „Си-Ен-Ен“.

Полицијата во Денвер на „Твитер“ објави дека реагирала на пукањето во средното училиште.

„Засега две возрасни лица се пренесени во локална болница. Се верува дека осомничениот повеќе не е на местото на настанот и дека инспекторите работат на добивање дополнителни информации“, според твитот од полицијата во Денвер.

Училиштето беше затворено додека полицијата го истражуваше пукањето.

Прикажи повеќе...

Свет

Шведска го усвои законот за пристапување во НАТО додека чека ратификација

Објавено пред

Шведскиот парламент денеска официјално го одобри законот кој ќе и’ овозможи на земјата да се приклучи кон НАТО откако неговата апликација ќе биде ратификувана од сите 30 членки на алијансата, пишува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Шведска и соседна Финска поднесоа барање за влез во НАТО минатата година како одговор на руската инвазија на Украина. Сепак, тој процес е попречен од Турција, која, како и Унгарија, допрва треба да ги ратификува шведските и финските барања.

Очекувано, шведскиот парламент го усвои законот со големо мнозинство од 296 гласови за и 35 против. Партиите на левицата и зелените гласаа против.

Со влезот во НАТО, Шведска ќе стави крај на двовековната воена неутралност. Шведска особено се соочува со приговори од Турција, која тврди дека во Стокхолм има членови на терористички групи, што шведските власти го негираат.

Анкара бара екстрадиција на луѓето кои ги смета за терористи како услов за давање зелено светло за членството на Шведска во НАТО. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела изјави дека турскиот парламент ќе почне да го ратификува пристапот на Финска во НАТО, но го одложи во случајот со Шведска.

Истиот ден, унгарскиот парламент објави дека ќе гласа за ратификација на приемот на Финска во НАТО на 27 март, но не и на Шведска.

Прикажи повеќе...

Свет

Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Аргентина.

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот бил северозападно од Сан Антонио де лос Кобрес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Граѓаните критикуваат, Касами се дообјаснува: Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме

Градоначалникот и лидер на БЕСА, Билал Касами, за „Макфакс“ посочува дека во објавата на социјалните мрежи не напишал дека Тетово...

Македонија1 час

Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ е избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда. Клубот имаше рок да...

Македонија4 часа

Отчукува часовникот до застарување на делото на Мијлаков – остануваат 16 дена до слобода

Преостануваат 16 дена во кои Апелација треба да донесе одлука за предметот „Титаник 2“, а за на обвинетиот Сашо Мијалков...

Македонија5 часа

(Видео) Со трактори ќе го блокираат патот кон Бугарија кај Страцин, државата не најде решение за пресечениот локален пат

Жителите на кратовското село Страцин следната недела со трактори и автомобили ќе го блокираат патот кон Бугарија. Разочарани се што...

Македонија6 часа

Нова паника: крадец претставен како киднапер на деца во музичкото училиште, објавувачот утврди дека згреши, па се извини

Крадец претставен како киднапер предизвика паника во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“. Фотографија од маж  залепена на влезот од училиштето со...

Топ7 часа

25-годишна девојка починала, а уште едно малолетно лице е потешко повредено кога „мерцедес“ излетал од патот

На регионалниот пат Битола – Кичево, кај местото наречено Белимост, во текот на вчерашниот ден патничко моторно возило „мерцедес“, со...

Македонија7 часа

(Фото) Ниту камион пропаднал ниту има дупка во фонтаната на плоштадот

Во медиумите денеска се прошири вест дека повторно пропаднал камион на плоштадот Македонија. Но, фотографијата е од минатата година кога...

Македонија8 часа

(Видео) Андоновски: Извештајот на Стејт департментот е најкритички, Владата е најкорумпираниот елемент на државата

Последниот извештај на Стејт департментот на САД за заштита на човековите права во Македонија е најкритичниот во последните години во...

Топ8 часа

Странски државјанин прошверцувал над 43 килограми златен накит, цариник осомничен дека му помагал

32-годишник прошверцувал над 43 килограми разновиден накит на влез во земјата на граничниот премин Аеродром Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје...

Македонија9 часа

„Казната е потврдена“, Апелација пресуди за мајката што ја продаваше ќерката за секс за 2.000 денари

Нема помала казна за мајката Налиље А. од Скопје, која си ја продаваше малолетната ќерка и ја присилуваше да дава...

Европа9 часа

Рама бара појаснување од ОН: Зошто Белград и Приштина, а не Србија и Косово?

Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагира на изјавата на заменик-портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации во врска со постигнувањето...

Свет10 часа

(Видео) Пропагандистот на Путин: Ќе почнеме нуклеарен напад врз земјата што ќе го уапси Путин

Пропагандистот на Путин, Владимир Соловјов, повика да се нападне секоја земја со нуклеарно оружје што ќе се обиде да го...

Свет10 часа

Шојгу до украинските војници: Ќе пројдете како НАТО во Србија

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, предупреди дека муницијата со осиромашен ураниум сериозно ќе влијае врз здравјето на украинските војници...

Свет11 часа

Расте црниот биланс: најмалку 13 жртви од разорниот земјотрес во Авганистан и Пакистан

Најмалку 13 лица ги загубија животите, а повеќе од 90 се повредени во земјотресот со јачина од 6,5 по Рихтер,...

Европа11 часа

Нуклеарен физичар: Не заборавајте што има Украина потпишано со Кина

Нуклеарниот физичар и поранешен пратеник Тончи Тадиќ ја коментира посетата на кинескиот претседател Шји Џјинпинг на Москва за N1. „Кина...

Европа11 часа

Белгиската полиција убила пациент, кој имал ладно оружје во психијатриска клиника

Белгиската полиција денеска застрела и уби пациент што носел ладно оружје во психијатриска клиника во Брисел, соопшти локалното Обвинителство. Според...

Европа11 часа

Руската Црноморска флота цел на напади со дронови

Руската Црноморска флота во раните утрински часови успешно одби напад со површински беспилотни летала на заливот Севастопол, на Крим, објави...

Европа11 часа

Тајната што Путин ја чува како очите во главата – мрачните детали ги знаат само најверните соработници

Секој потег на рускиот претседател Владимир Путин често е предмет на анализа на западните медиуми. Уште од почетокот на инвазијата...

Македонија23 часа

„Навиваше за мене и тогаш кога не требаше, се гледаме стари“, напиша Џамбазов по веста за смртта на Мешковски

Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски почина по долго боледување во својот дом во Лос Анџелес, САД.  Колегите актери преку...

Македонија1 ден

Два месеци се ковал планот за бегство од „Идризово” преку тунел кој бил копан под стари објекти

Затворениците осудени на високи казни со месеци го подготвувале планот за бегството од „Идризово“. Управата за извршување на санкциите информираше...