Свет
Најмалку 166 деца биле злоупотребени од стотици католички свештеници во Колорадо
Најмалку 166 деца биле злоупотребени од стотици католички свештеници во Колорадо од 1950 година, се вели во најновиот извештај. Во него на 263 страници се изнесуваат детали за несоодветно однесување и се открива како биле потребни речиси 20 години за овие епархии да дисциплинираат свештеници обвинети за сексуална злоупореба на деца.
„Ова е темна и болна историја“, изјави јавниот обвинител во Колорадо, Фил Вајсер.
Извештајот беше нарачан од канцеларијата на јавниот обвинител во Колорадо, во договор со трите епархии на државата, за да се документираат случаи на сексуална злоупотреба на деца од страна на свештеници.
За седум месеци, поранешниот американски обвинител Боб Тројер разгледал повеќе од 500 досиеја на свештеници и интервјуирал сведоци, жртви и свештеници. Според неговите откритија, Тројер вели дека повеќето инциденти се случиле во 60-тите и 70-тите години.
Најновите обвинувања се изнесени во 1998 година и се однесуваа на свештеник од Денвер, кој сексуално злоупотребувал четири деца, се наведува во извештајот.
Архиепископот Семуел Ј Аквила се извини за жртвите во видео и писмо објавено на интернет.
„Ако некој преживеан сака да ме сретне лично, мојата врата е отворена“, рече Акила. „Се сретнав со многу преживеани, и знам дека не постојат зборови што можам да ги кажам а кои ќе ја намалат болката. Сепак, се извинувам за болката и повредата што ја предизвика оваа злоупотреба. Жал ми е за оваа ужасна историја – но тоа е мое ветување да продолжам да правам сè што можам за никогаш повеќе да не се случува“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

