Свет
Најмалку 31 лице загинаа во стампедо во црква во Нигерија

Најмалку 31 лице загина денеска во Нигерија при стампедо пред црква во јужната држава Риверс, изјави портпаролката на полицијата, Грејс Ајринџ-Коко.
Стотици луѓе кои рано утринава дојдоа во црквата за да добијат храна ја скршија капијата, што предизвика стампедо, рече Иринге-Коко, пренесе Ројтерс.
„Луѓето доаѓаа порано, а некои станаа нетрпеливи… што доведе до газење. Полицијата е на терен и ја следи ситуацијата додека трае истрагата“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Украина во ЕУ што побргу, процесот не смее да трае со години

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски изјави дека Украина треба да се приклучи на ЕУ што е можно поскоро и дека процесот „не смее да трае со години“.
„Процесот на прием на членките обично трае со години бидејќи земјите мора да исполнат одредени економски и политички критериуми“ – пишува „Sky News“.
„Денеска потпишуваме заедничка изјава, која е сигнал за единството на сите гранки на власта и доказ за нашата решеност да ја постигнеме стратешката цел на Украина – полноправно членство во Европската унија. Потпишувањето на оваа декларација треба да значи исто како и потпишувањето на апликацијата за влез на петтиот ден од војната. Ни требаа 115 дена за да се кандидираме. Патот до членството не смее да трае со години, децении“ – напиша Зеленски на Телеграм.
Украинскиот претседател е со став дека „степенот до кој тоа е можно зависи од нас. Мораме да го завршиме нашиот дел од работата совршено за да им овозможиме на нашите пријатели во Европската унија да донесат уште една историска одлука за нас исто толку брзо, на консолидиран начин“.
Европа
Норвешка вети милијарда долари помош за Украина

Норвешка денеска попладне вети дека на Украина ќе и испрати 1,04 милијарди долари, помош за да ја издржат војната со Русија.
Оваа информација денеска во Киев ја потврди норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Стоере рече дека се работи за пари за „помош на украискиот народ за потреби, за одбрана и за реконструкција на уништените градови“.
Регион
Пленковиќ најави ваучери за гориво за најзагрозените

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска од Осиек за цената на горивата рече дека во понеделник Владата ќе има седница.
„Ваучери за гориво ќе има за најзагрозената група граѓани. Сето тоа се случува поради руската агресија врз Украина и пореметувањето на пазарот. Се надевам дека ќе донесеме решение за нашите граѓани , но и за малите дистрибутери“, рече Пленковиќ.
Тој потенцираше дека внимателно се подготвува пакетот за повеќе од 120.000 граѓани.
„Немаме никакви недостатоци, има се во хрватските продавници. Со овој проблем се бори целиот свет“ ,додаде хрватскиот премиер.