Свет
Најмалку 50 деца починаа од треска во Индија
Веќе една недела во некои делови на индиската држава Утар Прадеш деца се будат со висока температура, облеани во пот.
Многу од нив се жалат на болки во зглобовите, главоболки, дехидрација и гадење. Во некои случаи пријавен е осип, што се проширува на рацете и нозете.
Најмалку 50 луѓе, претежно деца, починаа од треска, а стотици се примени во болница во шест области во источниот дел на Утар Прадеш. Сите биле тестирани на Ковид-19, но ниту еден не бил позитивен.
Лекарите од неколку погодени области веруваат дека главната причина за смртноста е т.н. денга-треска, вирусна инфекција што се шири со каснување од комарец, наведува Би-би-си.
Се вели дека кај многу хоспитализирани пациенти измерен е низок број тромбоцити, крвни зрнца што помагаат во згрутчување на крвта, што е карактеристично за потешка форма на денга.
„Пациентите, особено децата, умираат многу бргу во болниците“, изјави за Би-би-си, Нита Кулшрешта, раководителка на здравствениот систем во областа Фирозабад, каде што минатата недела починаа 40 луѓе, меѓу кои 32 деца.
Денга-треската е тропска болест што ја пренесуваат женските комарци и циркулира во Индија стотици години. Повеќе од 70 % од случаите на денга се регистрирани во Азија.
Постојат четири денга-вируси, а смртта од инфекција е петпати поголема кај децата отколку кај возрасните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

