Свет
На некои површини коронавирусот се задржува и до 28 дена
Бидејќи ширењето на коронавирусот продолжува масовно, луѓето развиваат стравови од разни површини. Сега, насекаде во светот, сите се обидуваме да отвораме врати со лактите, оние што често користат јавен превоз избегнуваат да се држат за шипките, а канцелариските работници секое утро ги дезинфицираат работните маси.
Како и многу респираторни вируси, вклучително и грипот, Ковид-19 може да се прошири преку ситни капки од носот и устата на заразено лице што кива и кашла.
Од една кашлица може да произлезат до 3.000 капки. Овие капки може да паднат на други луѓе, нивната облека и површините околу нив, а некои од помалите честички остануваат во воздухот. Постојат докази дека вирусот опстојува во фекална материја подолго, така што секој што не ги мие рацете по употреба на тоалетот, може да контаминира сè што ќе допре.
До неодамна не беше јасно колку долго вирусот што ја предизвикува болеста Ковид-19 може да преживее надвор од човечкото тело. Некои студии спроведени на други коронавируси, вклучувајќи ги МЕРС и САРС, откриле дека тие може да преживеат на метал, стакло или пластика до девет дена доколку овие површини не се правилно дезинфицирани. Некои коронавируси на ниски температури може да останат и до 28 дена.
Вирусологот во Националниот институт за здравство (NIH), Нелти ван Доремален, и нејзините колеги од Rocky Mountain Laboratories во Хамилтон, Монтана, направиле еден од првите тестови за да дознаат колку вирусот може да преживее на разни површини.
Студијата што сè уште не е објавена во научно списание покажува дека кога некое лице кашла во воздухот, вирусот може да опстане и до три часа. Капка со големина од 1 до 5 микрометри, триесет пати помала од ширината на влакно, може да преживее во воздухот до неколку часа.
Студијата открила дека вирусот преживува на картон и до 24 часа и два-три дена на пластични и површини од не’рѓосувачки челик.
Овој наод сугерира дека вирусот опстојува подолго време на брави, ламинирани и пластифицирани работни плотни, како и на други цврсти површини. Истражувачите откриле дека бакарните површини го неутрализираат вирусот по само четири часа.
Научниците се обиделе да дојдат и до сознанија како најефикасно да се изврши дезинфекција на контамираните површини.
Така, откриено е дека коронавирусот може да се неутрализира во рок од една минута ако површините се дезинфицираат со 62-71 отсто алкохол или домашно белило кое содржи 0,1 отсто натриум хипохлорит.
Високите температури и влажноста исто така покажуваат добри резултати кога станува збор за брзо неутрализирање на другите коронавируси, односно истражувањето покажало дека сродните коронавируси, кои предизвикуваат САРС, може да се уништат на температури над 56 Целзиусови степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

