Контакт

Свет

На убиецот од Ел Пасо му се заканува смртна казна

Објавено пред

Обвинителството во Тексас поднесе обвинение за убиство против Патрик Крусиус за пукањето во Ел Пасо, а нему му се заканува смртна казна.

„Канцеларијата на окружниот обвинител ќе продолжи да работи за да обезбеди правдата да биде задоволена и ќе се посвети на помагање на жртвите во текот на судскиот процес“, се наведува во соопштението на окружниот обвинител Џејми Еспарза.

Крусиус (21) е обвинет за убиство на 22 лица. Во нападот што се случи на 3 август во продавница на „Волмарт“ тој рани 26 лица. Откако ѝ се предал на полицијата, тој им кажал на властите дека цел на неговиот оружен напад биле Мексиканците.

Само 13 часа по масакрот во Ел Пасо се случи напад во Дејтон, Охајо, кога вооружен напаѓач уби девет и рани 27 лица, по што беше убиен од полицијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Брисел пристигна ново барање за апсење на Пучдемон 

Објавено пред

Белгија денес по трет пат го доби европскиот налог за апсење на поранешниот лидер на Каталонија, Карлос Пучдемон од шпанскиот Врховен суд, соопшти портпаролката на обвинителството во Брисел.

Портпаролката објасни дека барањето пристигнало на шпански јазик, но според законот мора да биде напишано на еден од трите национални јазици на Белгија или на англиски јазик, поради што Шпанија ќе испрати ново барање следната недела, пренесува „Ројтерс“.

„Имајќи ја предвид комплексноста на барањето и на двете претходни барања против Пучдемон, случајот ќе бара темелна судска анализа“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Свет

Пентагон не му дава на Конгресот документи во врска со Трамп

Објавено пред

Пентагон денеска објави дека не е во состојба да му издаде документи на одборот на Претставничкиот дом во врска со истрагата за американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи ги „правните и практичните прашања“ како причина.

Во документот, кој го имаше на увид агенцијата „Ројтерс“, Пентагон наведува дека Претставничкиот дом нема резолуција со која се овластува истрага за претседателот и дека не може да ги достави документите за осум дена, колку што е судскиот рок .

„Одделот засега не може да го одобри барањето за издавање документи. Сепак, Одделот ја почитува надзорната улога на релевантните конгресни одбори и е подготвен да соработува со вашите одбори доколку има соодветна резолуција за ова прашање “, му напишал Пентагон на Конгресот.

Демократите во Конгресот започнаа процес на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го дека побарал помош од Украина за да го наруши угледот на моменто водечкиот кандидат на демократите за претседателската номинација за 2020 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Ким Џонг-ун вети борба против санкциите

Објавено пред

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции, за кои рече дека донеле „многу тешкотии и искушенија“ за неговата земја.

Државните медиуми денес го прикажаа Ким како се качува на планината Пекту на бел коњ.

Пекту, највисокиот врв на Корејскиот Полуостров, Севернокорејците го сметаат за свет, а Ким често оди таму пред да донесе најважни одлуки, како што беше влегување во преговори со САД и Јужна Кореја минатата година.

Агенцијата КЦНА објави дека Ким, исто така, ги посетил околните градежни места и зборувал против санкциите воведени заради севернокорејската нуклеарна програма.

„Страдањето што непријателските сили предводени од САД му го нанесоа на корејскиот народ (…) се претвори во гнев“, рече Ким.

Нуклеарните разговори меѓу САД и Северна Кореја пропаднаа претходно овој месец.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следи...

Свет53 минути

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство кое таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион2 часа

Словенија: Полицијата во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз кој патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа2 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на „умереност“

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на „умереност“ во реакцијата на судската пресуда за политичарите кои организираа референдум за...

Македонија13 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет14 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија16 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа17 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион18 часа

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт19 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет19 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет20 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ20 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија21 час

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија21 час

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија22 часа

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Македонија23 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија24 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора1 ден

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија1 ден

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Досие