Контакт

Регион

Невреме во Хрватска – едно лице загина, урната е куќа

Објавено пред

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска денеска објави црвен метеоролошки аларм поради силните налети на ветер во регионот на Риека и Кварнер, а низ Горски Котар на автопатот Риека-Загреб, меѓу клучките Делнице и Чавле, можат да минуваат само автомобили.

Невремето однесе еден живот, кога возач на камион кој се превртел загина кај Призна.

Силното невреме синоќа уништи и стара куќа во селото Ричина кај Брибир, а камења и друг материјал од куќата го прекриле патот, па целиот сообраќај бил затворен, соопшти локалната самоуправа на Винодоло.

Службите за интервенција се на терен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот

Објавено пред

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање пред парламентот рече дека македонските Бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија. Тој, како што рече, за тоа добил уверување од македонскиот премиер Ковачевски.

Тој рече дека бугарската Влада на никаков начин не ја игнорира позицијата на Бугарија. Тој нагласи дека правата на Бугарите во Северна Македонија се огромен приоритет заедно со темите од заедничката историја.

„Димитар Ковачевски е премиер на Северна Македонија осум дена и помина четири од нив со нас. Тој рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во нивниот Устав, не кажа време, но го најави. Тоа е важно што Ковачевски го кажа затоа што постои политички ризик со нивната опозиција“, истакна Петков.

Тој додаде дека во моментов се разговара за рокот и увери дека бугарскиот интерес ќе биде заштитен.

За работата на историската комисија, Петков рече дека во текот на разговорите одлучиле прво точно и јасно да се видат кои се точките за кои комисијата веќе постигнала договор. Исто така нагласи дека од бугарска страна нема да има промени во составот на комисијата.

Меѓудругото, Петков изрази надеж дека авиолинијата Софија-Скопје ќе биде пуштена во употреба во март, дека годинава ќе бидат изградени 13 километри пат до Клепало и дека се потпира на европските средства за железницата за да го скрати рокот за оваа линија до 2027 година.

Тој најави дека на 4 февруари се подготвува заедничка прослава на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција ги ублажува мерките – повторно дозволена музика во баровите и рестораните

Објавено пред

Грција ќе ублажи дел од рестриктивните мерки што ги донесе минатиот месец поради пандемијата, па музиката повторно ќе биде дозволена во баровите и рестораните.

Тоа денеска го соопштија грчките власти посочувајќи дека одлучиле да ги омекнат мерките бидејќи се намалува притисокот врз болниците.

Тие потсетуваат дека минатиот месец беа преземени мерки за да не работат баровите, ноќните клубови и рестораните до полноќ, беше забрането стоење во клубови и пуштање музика, пренесе „Ројтерс“.

„Одлучивме да ги ублажиме ограничувањата имајќи го предвид текот на пандемијата во однос на бројот на случаи што се намалени во последните недели“, рече министерот за здравство, Танос Плеврис, во телевизиско обраќање.

Тој посочи дека и покрај постојаниот притисок врз здравствениот систем, стапката на прием и отпуштање од болниците и пократкото времетраење, како и полесната слика на болеста предизвикана од сојот омикрон во однос на делта-сојот, им овозможи на властите да ги олеснат ограничувањата.

Ограничувањата на капацитетот остануваат во сила за спортски настани, а двојната маска е задолжителна во супермаркетите и транспортот.

Прикажи повеќе...

Регион

Брнабиќ: Не е отстранета опасноста од атентат на Вучиќ, осомничените се надвор од дофат на службите

Објавено пред

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вели дека во овој момент главните осомничени за планирање на атентатот на српскиот претседател Александар Вучиќ се надвор од дофатот на безбедносните служби. Меѓу нив има и двајца црногорски државјани, но и државјани на земји од и надвор од Европската Унија, пренесуваат медиумите во соседството.

Брнабиќ изјави дека службите деноноќно работат на пронаоѓање на оние кои го планирале атентатот на претседателот на Србија.

„Она што е важно да го нагласам за сите наши граѓани – дури и во овој момент, сите оние кои се осомничени и за кои имаме докази се надвор од дофатот на нашите безбедносни служби. Значи, не можеме да дојдеме до нив“, рече Брнабиќ за РТС.

Според неа, во планирањето на убиството на Александар Вучиќ се вмешани двајца црногорски државјани, но и лица од други земји – и внатре и надвор од Европската Унија.

„Апсолутно им верувам на нашите безбедносни служби, тие немаат лесна задача, имаат исклучително тешка задача, сите безбедносни служби работат заедно – сите даваат сè од себе. Верувам дека ќе го спречиме ова. Дали се чувствувам безбедно во овој момент и дека не постојат проблеми – не, не го чувствувам тоа. Имаме уште многу работа, не сме ја отстраниле безбедносната закана по животот на претседателот Александар Вучиќ. Верувам дека ќе го направиме тоа, но имаме да работиме уште многу, дење и ноќе“, вели таа.

Прашана дали има доверба во оние кои директно го обезбедуваат претседателот, премиерката рече дека неговата безбедност во моментов е на максимум.

„Постојат неколку безбедносни обрачи околу претседателот Вучиќ. Немам информации што се појавија во медиумите дека имаме такви сомнежи. Момците кои се во непосредното обезбедување веруваат дека во секој момент би ги дале своите животи за него, тие се сериозни луѓе, сериозни патриоти и сериозно лично го сакаат претседателот“, рече Брнабиќ.

„Споделуваме информации и се бориме претседателот Александар Вучиќ да биде безбеден“, кажа таа.

Додаде дека безбедноста на границите е максимално зајакната, бидејќи се верува дека оние кои планираат напад врз претседателот ќе се обидат да влезат во земјата од странство.

„Тие секако имаат свои скривалишта во Република Србија. Тие не се под директен надзор, што е проблем за мене – сите оние кои се одговорни и вклучени во ова не се на дофат на нашите безбедносни служби. Јас сум се разбира најбезбедна кога се во доменот на нашите служби, иако верувам во странски партнери“, рече Брнабиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион50 минути

Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање пред парламентот рече дека македонските Бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија....

Македонија1 час

Милошоски до Османи: Зошто не кажете што содржи нон-пејперот што сте го испратиле во Софија во декември?

Министерот Османи зборува да изградиме заеднички позиции, зборува за зрелост, почит и меѓусебна доверба, но како ние да имаме доверба...

Топ2 часа

„Ауди“ со деветмина мигранти излетало од патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во полициската станица Валандово утрово било пријавено дека на регионалниот пат Р 1401 Валандово – Струмица возило „ауди“, со скопски...

Свет3 часа

(Видео) Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина

Тензиите меѓу Украина и Русија растат со месеци откако Кремљ почна да собира војници во близина на границите на Украина....

Македонија4 часа

На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје вчера за првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад...

Свет6 часа

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет7 часа

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет7 часа

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија21 час

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет23 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија1 ден

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ1 ден

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа1 ден

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија1 ден

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 ден

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа1 ден

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија2 дена

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија2 дена

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија2 дена

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Досие