Свет
„Независимаја газета“: Турција се обидува да ја истурка Русија од Јужен Кавказ

Анкара почнува да ја притиска Русија во зоната на конфликт во Нагорно-Карабах, пренесува „Независимаја газета“. По најавата на турското Министерство за одбрана за договор со Русија за создавање на заеднички центар за набљудување, Баку рече дека турските трупи веќе дејствуваат во Нагорно-Карабах како деминери.
„Гласот на Турција“ на каналот на „Телеграм“ објави фотографија од таква група, претпоставувајќи дека станува збор за единица на специјалните сили на САС.
Ваквите извештаи можат да укажат на обидите на Анкара да го демонстрира својот успех и да докаже дека Москва не можела да го спречи турското раководство да ги постигне своите геополитички цели во постсоветскиот Јужен Кавказ.
Турските власти претходно донесоа политичка одлука да испратат трупи во Азербејџан. На 22 ноември турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, рече дека единиците на копнените сили на Турција ќе бидат распоредени таму.
„Таму каде што има пешадија, единиците на специјалните единици исто така можат да се вметнат“, нагласи рускиот воен експерт, пензиониран генерал-потполковник Јуриј Неткачев.
Според Неткачев, целта на Турција е да ја истера Русија од Нагорно-Карабах и од целиот Јужен Кавказ.
„Турските сили за специјални операции можат да го сторат тоа извршувајќи субверзивни активности и свртувајќи ги локалните жители против руските мировници“, посочи Неткачев.
Пред да избувне војната во Нагорно-Карабах, во Азербејџан се одржаа антируски протести на кои демонстрантите држеа турски знамиња заедно со азербејџанските, истакна тој.
Азербејџанската војска на својот канал на „Телеграм“ напиша дека „ерменските и руските проерменски медиуми шират извештаи оти луѓето во Азербејџан не се задоволни од присуството на руски мировници и повикуваат на исфрлање на Русите од Нагорно-Карабах, особено со употреба на воена сила“.
„Мислам дека Турција има корист од тоа и нејзините информативни сили работат на ова поле“, рече Неткачев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Првпат во САД инаугурација на претседател без претседател

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на САД ќе биде објавена во среда точно на пладне по локално време. Ќе биде прва церемонија во новата историја, на која нема да присуствуваат претседателот во заминување и првата дама.
Бајден ќе положи заклетва како 46-ти претседател на САД, на 59-та церемонија на инаугурацијата, и за разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и поранешни претседатели ќе се појават пред мала, физички далечна публика, со заштитни маски, и во затворен град поради пандемијата, како и поради безбедносни закани.
По заклетвата, Бајден ќе го има своето прво обраќање до нацијата како претседател.
Како и на претходните инаугурации, се очекува да присуствуваат повеќето членови на Конгресот и Врховниот суд, како и поранешни претседатели со жени, како Барак и Мишел Обама, Џорџ и Лора Буш, Бил и Хилари Клинтон, а најстариот жив претседател, Џими Картер (96) и неговата сопруга нема да присуствуваат на церемонијата, но тие ги испратија своите најдобри желби.
Претседателот во заминување Доналд Трамп и првата дама Меланија нема да присуствуваат на церемонијата, бидејќи претходно тие ќе патуваат со воен авион на Флорида, што го направи Трамп првиот претседател од 1869 година, кој не присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник.
Потпретседателот Мајк Пенс ќе присуствува на церемонијата.
На церемонијата ќе настапи и поп-ѕвездата Џенифер Лопез.
Бајден ќе даде заклетва точно во 12 часот, со раката поставена на неговата семејна Библија стара 127 години, која ќе ја држи неговата сопруга Џил и пред судијата на Врховниот суд, Џон Робертс.
Камала Харис, првата жена со афро-американско и азиско потекло како потпретседател, ќе положи заклетва на две Библии што ќе ги држи судијката Соња Сотомаер, првата членка на Латинска Америка на Врховниот суд, пред која Бајден положи заклетва за заменик претседател во 2013 година.
Големото финале на инаугурацијата е ТВ шоуто „Прослава на Америка“, кое ќе се емитува на телевизија и ќе го води актерот Том Хенкс со помош на Ева Лонгорија и Кери Вашингтон, а во кој ќе учествуваат Брус Спрингстин, Џон Леџенд, Фу Фајтерс, Џон Бон Џови, Џастин Тимберлејк, Деми Ловато и многу други.
Поради немирите во Конгресот на 6 јануари беа преземени многу силни безбедносни мерки, а настанот ќе го обезбедат 25.000 припадници на Националната гарда и тајните служби.
Местото на инаугурацијата е обезбедено со високи огради, а просторот помеѓу Капитол и споменикот на Џорџ Вашингтон, во кој обично се наоѓаа оние што сакаат да ја следат инаугурацијата во живо, ќе биде затворен, како и повеќето метро-станици во центарот на Вашингтон.
Мостовите во Вирџинија се исто така затворени за сообраќај.
Свет
Трамп го поминува својот последен ден во Белата куќа

Во речиси напуштената Бела куќа, опкружен со голем број припадници на безбедносни служби, досегашниот претеседател на САД, Доналд Трамп го поминува својот последен ден.
Времето го поминува издавајќи бројни помилувања. Се очекува Трамп да помилува околу 100 луѓе, а меѓу нив ќе се најдат и лица кои целосно се непознати на јавноста, но поминале долги години во затвор.
Според сознанијата на АП од извори блиски до Белата куќа, Трамп ја снимил својата проштална порака, која ќе биде емитувана во пресрет на утрешниот собир во воената база Ендрјуз, на Флорида.
Исполнет со лутина и жалење поради поразот на претседателските избори, Трамп не се појавил во јавноста од минатиот вторник, кога отпатува во Тексас и таму им дозволи на медиумите да го фотографираат и снимаат за време на посетата на граничниот ѕид кон Мексико.
Западното крило на Белата куќа, каде се наоѓа Овалната соба, Рузвелтовата соба и други претседателски кабинети, како и врвот на администрацијата на претседателот на САД, денеска е целосно испразнето.
Свет
Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со премиерите на федералните покраини, со кои договори нови мерки по 31 јануари.
Меркел и лидерите на покраините се договорија да воведат мерки за задолжително носење на високо квалитетни медицински заштитни маски во продавниците и во јавниот превоз. Ова вклучува таканаречени хируршки маски и маски попознати по ознаките ФФП2 и Н95.
Според новите правила, на граѓаните ќе им биде забрането да носат маски од ткаенина или шалови како замена за маски во јавниот превоз, пренесуваат германските медиуми. Покрај тоа, документот со нови мерки предвидува Федералното Министерство за труд и социјала да издава регулативи за работа од дома.
Според неа, работодавците мора да им дозволат на вработените да работат од дома секогаш кога е можно. Ова ќе ги намали контактите на работа, но исто така и на патот кон работата, што треба да го забави ширењето на коронавирусот. Исто така, од работодавците се бара да воспостават флексибилно работно време за сите оние кои треба да одат на работа за да избегнат метеж во јавниот превоз во раните утрински и попладневни часови.
Една од најважните теми на состанокот е одлуката за отворање на училишта. Но, најверојатно засега ќе продолжат онлајн часовите. Канцеларката Меркел е за продолжување на ваквиот режим во образованието, додека некои покраински лидери се против, пренесуваат германските медиуми.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира