Свет
Неколку илјади вработени во унгарските болници дадоа откази
Неколку илјади вработени во унгарските болници дадоа откази осудувајќи ги новите државни договори за вработување. Администрацијата се обиде да ги убеди да ја сменат својата одлука тврдејќи дека Унгарија се соочува со третиот бран на епидемијата на коронавирусот.
Според изјавата на Државната здравствена служба (ОФКО), 95 проценти од 110.000 вработени потпишале нови договори пред крајниот рок, 1 март, а преостанатите 5.500 не го направиле тоа и биле принудени да ја напуштат работата.
ОФКО, сепак, сакаше да ја смири загриженоста велејќи им на новинарите дека здравствената заштита иако под притисок поради пандемијата, сепак функционира, дури и подобро од порано.
Парламентот го усвои новиот закон во октомври 2020 година. Планирано е зголемување на платата, што премиерот Виктор Орбан го оцени како невидено, а воведени се и санкции за мито што пациентите им го даваат на лекарите, што е вообичаена практика во Унгарија.
Но, некои други одредби ги налутија вработените кои сметаат дека повеќе нема да добиваат бонуси или веќе нема да им биде дозволено да вршат друга работа во приватни клиники.
Унгарскиот здравствен систем страда од хронично недоволно финансирање, а според Светската здравствена организација (СЗО), буџетот на тој сектор на жител е само половина од европскиот просек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

