Свет
Нетанјаху: Повеќе од 97 проценти од починатите минатиот месец не беа вакцинирани

Повеќе од 97 проценти од смртните случаи од Ковид-19 во Израел во текот на минатиот месец се луѓе кои не бea вакцинирани, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Околу 38 проценти од деветте милиони жители во Израел примиле барем една доза вакцина, објави израелското Министерство за здравство, објави „Ројтерс“.
„Сакам да ви кажам еден шокантен факт: Во текот на минатиот месец – последните 30 дена – починаа 1.536 луѓе (од Ковид-19) во државата Израел. Повеќе од 97 проценти од нив не биле вакцинирани. Помалку од три проценти се вакцинирани“, рече Нетанјаху
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) САД ја обвинуваат мексиканската претседателка за поттикнување немири, таа докажува дека лажат

Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, вчера ја критикуваше мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум за поттикнување насилство на протестите во Лос Анџелес против рациите за имиграција, тврдење кое Шајнбаум силно го негираше, велејќи дека таа го сторила спротивното и го осудила насилството од сите страни.
„Клаудија Шајнбаум истапи напред и ги поттикна протестите во Лос Анџелес. Ја осудувам за тоа“, изјави Ноем пред новинарите во Белата куќа. „Таа не треба да ги поттикнува насилните протести што се одржуваат. На луѓето им е дозволено мирно да протестираат, но насилството што го гледаме не е прифатливо и нема да се случи во Америка“, додаде Ноем.
Мексиканската претседателка одговори на навредите во објава на Икс, велејќи дека се целосно лажни и прикачи видео од прес-конференцијата завчера на која таа всушност го осуди насилството на демонстрациите.
Hace unos momentos, ante una pregunta de un medio, la secretaria de Seguridad Interior de los Estados Unidos, equivocadamente mencionó que alenté protestas violentas en Los Ángeles. Le informo que es absolutamente falso. Aquí dejo mi declaración del día de ayer donde claramente… pic.twitter.com/LEiVxdmvJv
— Claudia Sheinbaum Pardo (@Claudiashein) June 10, 2025
„Палењето полициски автомобили повеќе личи на чин на провокација отколку на отпор. Мора да биде јасно дека го осудуваме насилството од сите страни“, рече Шајнбаум на прес-конференцијата.
„Ја повикуваме мексиканската заедница да дејствува мирно и да не прибегнува кон провокации“, додаде Шајнбаум, апелирајќи и до американските власти да го почитуваат човековото достоинство и владеењето на правото. Мексиканската лидерка, чија влада е во тек на трговски преговори со администрацијата на Трамп, во објава на Икс изјави дека е уверена дека недоразбирањето ќе биде разјаснето.
Европа
Словачка се заканува дека ќе ги блокира новите санкции кон Русија

Словачка би можела да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија кон Русија доколку Европската комисија не понуди решение за загриженоста на земјата-членка во врска со снабдувањето со енергија, изјави вчера премиерот Роберт Фицо.
„Словачката Република нема да го поддржи предложениот 18-ти пакет санкции против Руската Федерација доколку Европската комисија не понуди вистинско решение за кризата што ќе ја зафати Словачка по целосното прекинување на снабдувањето со гас, нафта и нуклеарно гориво од Русија“, напиша Фицо на Фејсбук.
Словачка, која граничи со Украина и е членка на ЕУ и НАТО, е во голема мера зависна од руската енергија. Прекинот на протокот на руски гас низ Украина влијаеше на снабдувањето, предизвикувајќи спорови со Киев и загриженост во Братислава.
Словачкиот парламент минатата недела со тесно мнозинство одобри необврзувачка резолуција со која се повикуваат владините претставници да се спротивстават на какви било идни санкции што се сметаат за штетни за економијата на земјата.
Фицо, левичарски националист, постојано јавно ги критикуваше поединечните санкции на ЕУ, тврдејќи дека тие ќе ѝ наштетат на Словачка повеќе отколку на Русија. Но, за разлика од конзервативниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, Фицо и други словачки владини претставници на крајот ги поддржаа сите санкции против Русија без исклучок.
Свет
Трамп: Нѐ напаѓаат странски непријатели, сакаат да предизвикаат инвазија

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот откако неговата администрација започна серија рации за имиграција, и рече дека нема да дозволи беззаконието да продолжи.
„Оваа анархија нема да продолжи. Нема да дозволиме федерални агенти да бидат нападнати, нема да дозволиме странски непријатели да нападнат и окупираат американски град“, рече американскиот претседател во говорот во воената база Форт Браг во Северна Каролина.
„Она што го гледате во Калифорнија е широко распространет напад врз мирот, јавниот ред и националниот суверенитет, предводен од бунтовници кои веат странски знамиња и имаат намера да поттикнат странска инвазија на нашата земја“, им рече Трамп на илјадници војници и цивили.
Во остро формулиран говор во една од најголемите воени бази во земјата, републиканскиот милијардер ги нарече демонстрантите „животни“.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, и поранешниот претседател Џо Бајден, двајцата демократи, беа исвиркувани.
Трамп распореди 4.000 членови на Националната гарда и 700 маринци во Лос Анџелес, пркосејќи им на властите во Калифорнија кои рекоа дека ситуацијата е под контрола. Њусом ги опиша постапките на Трамп како „диктаторски“.