Свет
Нетанјаху тајно се сретнал со саудискиот престолонаследник и со Помпео
Израелското јавно радио „Кан“ и „Армиското радио“ објавија дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тајно ја посетил Саудиска Арабија, каде што се сретнал со престолонаследникот Мохамед бин Салман и со американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува „Спутник“.
За време на наводната посета, Нетанјаху бил придружуван од шефот на разузнавачката служба „Мосад“, Јоси Коен.
Извештаите доаѓаат во период кога израелски репортери, вклучително и Барак Равид, тврдат дека наводната тајна средба се случила во Неом, новопланираниот саудиски град, лоциран на неколку километри од јужната граница на Израел.
Медиумите на хебрејски јазик цитираа неименуван израелски официјален претставник дека Нетанјаху и Коен летале кон Неом во неделата. Принцот Мохамед бин Салман беше таму на разговори со американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Веб-страницата „Флајтрадар 24“, која овозможува следење на летовите во светски рамки, покажува дека авион полетал од Тел Авив во понеделникот околу 17.30 часот и исчезнал од радарите во близина на Неом околу еден час подоцна. На неа се гледа како истиот лет се појавува на радарите во близина на Неом и се спушта во Тел Авив. Нема дадено детали за летот.
ABSOLUTELY rare Israeli flight direct to new Saudi mega-city Neom on Red Sea shore
It was Bibi's ex-fav bizjet t7-cpx. Back to Tel Aviv after 5 hours on ground pic.twitter.com/Ty9aedYbsK
— avi scharf (@avischarf) November 23, 2020
Кабинетот на израелскиот премиер не одговорил на барањата за коментар.
Израелскиот министер за образование, Јоав Галант, кој е исто така член на кабинетот на Нетанјаху и на партијата Ликуд, го потврди извештајот посочувајќи дека самиот факт што состанокот се случил и бил објавен јавно, дури и ако е полуофицијален, е прашање од големо значење“.
Амбасадата на САД во Ерусалим допрва ќе коментира по ова прашање.
Ова се случува еден ден откако американскиот државен секретар, Помпео, изрази уверување дека повеќе арапски земји се подготвени да ги нормализираат односите со Израел.
Big story. @BarakRavid reports that Netanyahu flew secretly to Saudi Arabia for a meeting with MBS and Pompeo. The meeting was in Neom, Saudi's new planned city on the Red Sea, only a few miles from Israel's Southern border. https://t.co/TBzhYbAkVf
— Arieh Kovler (@ariehkovler) November 23, 2020
Извештајот следува по најавата од „Сауди прес ејџенси“ во септември дека Кралството ќе им дозволи на сите земји да летаат над нејзините територии на пат кон и од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Во август американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека верува оти Саудиска Арабија ќе биде следната земја што ќе му се приклучи на неодамнешниот мировен договор меѓу Израел и ОАЕ.
Трамп истакна дека договорот што го склучија со ОАЕ и Израел е добра зделка и тврдеше дека и другите земји сакаат да го постигнат тој договор, подоцна појаснувајќи дека мислел на Саудиска Арабија.
Во 2018 година израелската ТВ-станица „Хадашот“ ги цитира изворите дека Нетанјаху е заинтересиран за воспоставување формални врски меѓу еврејската држава и Саудиска Арабија. Претходно, тој призна дека имал контакти со Саудиска Арабија, кои се чуваат во тајност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

