Свет
Ники Хејли: Трамп е премногу стар
Кандидатката за републиканска номинација Ники Хејли вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања, велејќи дека нема намера да се откаже пред саботниот натпревар во Јужна Каролина.
„Не чувствувам потреба да го признаам поразот и не се плашам од одмаздата на Трамп“, рече таа во говорот во Гринвил, Јужна Каролина, каде што се очекува да загуби од поранешниот претседател Доналд Трамп на прелиминарните избори овој викенд.
Трамп има уверливо водство во националните анкети, а неговите сојузници го засилија притисокот врз Хејли да се откаже од трката откако таа ги загуби првите четири натпревари со голема разлика.
Нејзиното инсистирање да продолжи да се кандидира за Белата куќа ја налути кампањата на Трамп, која ја исмејуваше и се закани дека ќе ги прекине донаторите кои продолжуваат да и даваат пари.
За време на нејзиниот вчерашен говор, Хејли го критикуваше Трамп дека е премногу стар, дека внесува раскол и дека е премногу самобендисан за да биде ефективен лидер.
Но, таа нагласи дека има одреден број проблеми со поранешниот претседател, додека има „безброј“ проблеми со демократскиот претседател Џо Бајден.
Прелиминарните избори на Републиканската партија во Јужна Каролина ќе се одржат на 24 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

