Свет
Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина по средбата Лавров и Кулеба?

Додека светот чека нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија, извор близок до организацијата на преговорите во Белорусија за руските медиуми изјави дека постојат индиции дека тоа ќе се случи по средбата на министрите за надворешни работи на Русија и Украина.
Да потсетиме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров в среда треба да отпатува за Турција, каде е планирана средба со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба.
Според медиумите, средбата на двајцата министри треба да се одржи в четврток во Анталија.
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека средбата на Лавров со неговиот украински колега во Анталија била планирана на која ќе учествува и турскиот министер за надворешни работи.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева на траен прекин на огнот во Украина откако Лавров и Кулеба утре ќе се сретнат во Анталија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Руски војник кому му се суди за воени злосторства: Искрено жалам

Судењето за воени злосторства на 21-годишниот руски војник Вадим Шишимарин во Украина е одложено за понеделник. Ова е прво судење за воени злосторства откако Русија ја нападна земјата во февруари, објавија светските агенции.
„Жал ми е и искрено жалам за тоа. Бев нервозен во моментот кога тоа се случи. Не сакав никого да убијам. Но, тоа се случи и не негирам“, кажал тој на денешното рочиште.
Неговиот адвокат изјавил дека Шишимарин не знаел што се случува во Украина.
„Тој и другите руски војници не знаеја дека акциите ќе резултираат со масовни смртни случаи не само на војници, туку и на цивили“, рекол адвокатот.
„Шишимарин беше во состојба на стрес предизвикан од борбената ситуација и притисокот од неговиот командант. Анализата на овие околности ми дозволува да заклучам дека Шишимарин немал директна намера да изврши атентат“, продолжил адвокатот.
„Дали ја прифаќате вашата вина? го прашал судијата. „Да“, одговорил Шишимарин. „Целосно? „Да“, тивко одговорил тој зад стаклото од неговиот сив метален кафез.
Обвинителите велат дека Шишимарин командувал со единица во тенковска дивизија кога неговиот конвој бил нападнат. Тој и уште четворица војници украле автомобил, а патувајќи во близина на Чупахивка наишле на 62-годишен маж на велосипед, изјавиле тие, според новинарските извештаи.
Според обвинителите, на Шишимарин му било наредено да убива цивили и употребил автоматска пушка калашников. Кремљ претходно соопшти дека не бил информиран за случајот.
Европа
Шојгу: Ослободувањето на Луганската република е при крај, големи воени закани се на запад

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека руската армија, заедно со единиците на Народната милиција на самопрогласените Луганск и Доњецк Народни републики, продолжуваат да ја прошируваат контролата врз териториите на Донбас, додавајќи дека „ослободувањето“ на ЛНР е при крај.
Шојгу на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија изјави дека повеќе од 1.900 припадници на украинските сили блокирани во фабриката Азовстал во Мариупол веќе се предале, пренесува РИА Новости.
Рускиот министер за одбрана оценува дека ситуацијата во западниот стратегиски правец се карактеризира со зголемување на воените закани во близина на руските граници.
Европа
Страниците на италијанската влада цел на кибернапади, осомничени се руски хакери

Серија веб-страници на италијанската влада денеска биле цел на кибернапади за кои се сомничат руски хакери „Килнет“. Нападнати се веб-страниците на Министерството за надворешни работи, Министерството за култура и Високиот судски совет, пренесуваат тамошните медиуми.
Портпаролот на федералната полиција го потврдил инцидентот, додавајќи дека е отворена истрага предводена од специјален тим. Не се знае точно колку веб-страници биле погодени.
„Килнет“ претходно напаѓале и други институции, вклучително и веб-страниците на германската влада и компјутерите на натпреварот за песна на Евровизија овој викенд, објавија агенциите. Тој напад бил одбиен. Според пишувањата на медиумите, тие потоа ги нападнале страниците на италијанската полиција и ги срушиле.