Свет
Нов Зеланд размислува за спас на туризмот со воведување на работна недела од 4 дена
Нов Зеланд кон крајот на април почна со долгиот процес за релаксација на мерките на карантин поради пандемијата.
На граѓаните им беше дозволено да одат на работа, да нарачуваат храна и пијалок на отворено, како и да се собираат во мали групи.
Сега, за да го поттикне туризмот, премиерката Џасинда Ардерн предложи работни да бидат само четири дена во неделата.
Таа на „Фејсбук“ ја образложи идејата за скратување на работната недела и нагласи дека со тоа сака да помигне за зајакнување на домашниот туризам, а би можело и да им помогне луѓето да пронајдат баланс во професионалниот живот.
„Многу луѓе ми сугерираа дека треба да имаме четвородневна работна недела. На крајот, тоа навистина одговара во односот меѓу работодавачите и работниците. Но, како што реков, толку многу научивме во текот на пандемијата и таа флексибилност на луѓето кои работат од дома, продуктивноста која може да се искористи од тоа, вели Ардерн.
Таа објасни дека 60 проценти од туризмот доаѓа од домашните патувања, па дополнителниот слободен ден, кои работодавачите можат да го дадат на своите работници да патуваат и да ја истражат сопствената земја може да се покаже како клучен момент во подигање на националната економија.
„Навистина би ги поттикнала луѓето да размислуваат за тоа. Ако сте работодавач размислете дали тоа нешто би користело на вашата работна заедница, бидејќи навистина би помогнало на туризмот ширум земјата“, изјави таа.
Компанијата „Перпетуал Гардиан“ од Нов Зеланд која се занимава со недвижности, пред две години спровела истражување како таквото работење би се одразило на економијата, пишува Си-ен-ен.
Две недели траел тестот по кој компанијата дошла до заклучок дека сите нејзини вработени биле попродуктивни и дека напредувале во прашањето на стресот во професионалниот живот. Ова истражување било толку успешно што ја натерало компанијата да размислува за тоа засекогаш да ја остави работната недела да трае четири дена.
„Тоа беше само теорија, нешто што го пробав затоа што сакам да создадам подобра работна околина за мојот тим. Реакцијата на луѓето на тој експеримент беше подобра отколку што некогаш сонував“, рече Ендру Барнс, основач на компанијата.
Дури и големите компании се обиделе да постапат слично. „Мајкрософт“ во 2019 година во својата јапонска подружница поради тестирање им понудил на работниците можност да ја испробаат работната недела од четири дена во текот на август. Продуктивноста на вработените пораснала дури за 40 проценти во тој период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

