Свет
Нов сомнителен пакет испратен до сенаторот Букер
Единаесеттиот по ред сомнителен пакет беше денеска пронајден во Флорида. Сомнителниот пакет денеска беше адресиран до демократскиот сенатор Кори Букер, објавија ТВ-мрежите Си-ен-ен и МСНБЦ.
Си-ен-ен исто така објави дека полицијата во Њујорк испитува посебен случај на сомнителен пакет во една пошта во тој град.
Во текот на изминатите два дена сомнителни пакети беа испратени до Хилари Клинтон, Барак Обама, до поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, потоа во ресторанот што е во сопственост на холивудскиот актер Роберт де Ниро во Њујорк, телевизијата Си-ен-ен, како и уште многу други локации.
Белата куќа соопшти дека ова се ужасни инциденти и дека сторителите ќе одговораат пред судот.
Претседателот на САД, од своја страна, рече дека во САД немаат место за политичко насилство, а првата дама, Меланија Трамп, инцидентите ги нарече кукавички напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

