Свет
Норвешка рече „не“ за противракетен одбранбен штит на НАТО

Норвешката влада донесе одлука да не се приклучи во противракетниот штит на НАТО. Дебатата за можното учество на Норвешка долго ги поттикнуваше стравувањата од тензии меѓу Норвешка и Русија, пренесува „Спутник“.
„Преку поширока проценка на безбедносната политика, владата одлучи Норвешка да не купува сензори од горен ред или да пресретнува ракети што можат да станат дел од балистичката ракетна одбрана на НАТО“, се вели во државниот буџет.
„Мислам дека ова спречува понатамошни тензии“, вели експерт от од Норвешкиот институт за надворешни работи (НУПИ) Џули Вилхелмсен, за норвешката ТВ2.
Таен документ за норвешката одбрана од 2017 година ја наведува наводната закана од Русија како причина зошто Норвешка треба да се приклучи во ракетниот штит. Во документот се наведени и значителни празнини и недостатоци во воздушната одбрана на Норвешка, кои, наводно, ја отежнуваат самостојната одбрана на Норвешка.
Во исто време, новиот буџет на Норвешка ги зголеми трошоците за одбрана на 1,8 отсто од БДП, што дополнително го намали растојанието до целта на трошењето на НАТО од 2 отсто.
Проценката на НАТО за 2019 година објавена во јуни ги смести трошоците за одбрана на Норвешка на 13-то место во рамките на алијансата, што е пад од 10-то место во 2017 година.
Во изминатата деценија плановите на НАТО за ракетен штит на САД во Европа беа едно од најразделувачките прашања меѓу Русија и НАТО. Иако официјалните претставници на НАТО уверуваат дека одбранбената мрежа не е насочена кон Русија туку кон балистички ракети испукани надвор од Европа, Москва не се согласува, тврдејќи дека штитот ќе го собори балансот меѓу нуклеарните сили, предизвикувајќи нова трка во вооружување.
Норвешка првично се спротивстави на идејата НАТО да стане дел од американските планови за противракетна одбрана, но се предомисли и ја поддржува идејата уште од 2010 година. Врв на иронијата е самиот Столтенберг кој порано беше против мрежата за противракетна одбрана додека беше лидер на Лабуристичката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Рама тврди дека го видел документот со промена на границите на Западен Балкан

Албанскиот премиер, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите на Западен Балкан, пренесува Газета Експрес.
„Разговарав со него (Јанез Јанша) многу одамна. Исто така, го имам видено документот што беше објавен. Немам коментар“, рече Рама во емисијата „Избори 2021″.
Во четвртокот, словенечкиот портал Нецензурирано.си објави документ, кој наводно предлага ревизија на границата меѓу Косово и Србија, обединување на Косово без северниот дел со Албанија, обединување на делови од Црна Гора и Македонија каде мнозинството е албанско население со Албанија, можноста за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина и нејзино обединување со Србија, како и обединување на делови од западна Босна со Хрватска.
Европската унија повеќе пати повтори дека тие не знаат за таков документ.
Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, чија земја ќе претседава со Европската унија во втората половина на оваа година, изјави дека тврдењата за постоење на тој документ се насочени кон нанесување штета на Словенија во ЕУ.
„Словенија сериозно бара решенија за развој на регионот и европската иднина за земјите од Западен Балкан и ваквите пишувања се обидуваат да ја спречат оваа цел“, објави Јанша на социјалните мрежи.
Тој вчера изјави дека не постои документ со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот.
Копија од наводниот документ беше објавена на англиски јазик од словенечкиот портал, но без да се објасни кој го составил и на кого бил упатен, пишуваат агенциите од регионот.
Свет
Русија им забрани влез на високи претставници на администрацијата на Бајден

Русија воведе забрана за влез на високи претставници на САД. Меѓу нив се и јавниот обвинител Мерик Гарланд и министерот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Покрај двајцата членови на администрацијата на претседателот Џо Бајден, има уште шест лица на списокот на кои им е забранет влез во Русија.
Меѓу нив се директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, директор на Националната управа за разузнавање (ДНИ) Аврил Хаинс и Сузан Рајс, која е претседател на Советот за внатрешни работи.
Руското министерство го стави на списокот и шефот на Федералниот затвор, Мајкл Карвахал.
На списокот се и поранешниот шеф на ЦИА, Ар Џејмс Вулси Џуниор и Џон Болтон, кој беше советник за национална безбедност на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се вели дека сите овие луѓе биле вклучени во развојот и спроведувањето на антируска политика во САД, објави новинската агенција ТАСС.
Свет
Претседателот на Перу, кој се вакцинира преку ред, доби забрана за вршење јавна функција

На поранешниот перуански претседател Мартин Визкара (58) забрането му е да врши јавна функција во следните десет години, бидејќи минатата година се вакцинира против коронавирус преку ред.
Перуанскиот конгрес му ја изрече забраната на Визкара, кој ја водеше земјата од 2018 до 2020 година, кога ја прими вакцината против коронавирус од кинескиот производител „Синофарм“.
Визкара нема да може да го заземе местото во парламентот што го освои на изборите минатата недела. Вакцината ја прими уште додека беше претседател.
Покрај Визкара, забрана од една година доби поранешната министерка за надворешни работи Елизабет Астет, а забрана за вршење јавна функција од осум години доби поранешната министерка за здравство Пилар Мацети.
Скоро 500 политичари и државни службеници се вмешани во скандалот со вакцинацијата.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш