Свет
Обвинителката даде рок: Трамп треба да се пријави во затвор во Џорџија до крајот на неделата
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се предаде во затворот во округот Фултон во Џорџија до крајот на неделата, објави телевизијата Ен-би-си, повикувајќи се на три неименувани официјални лица.
Тие изјавија дека предавањето нема да се случи пред четврток и дека плановите се финализираат, но дека се уште ништо не е официјално.
Окружната обвинителка Фани Вилис им даде рок на Трамп и на неговите наводни соработници до следниот петок да се предадат.
Покренато е обвинение против поранешниот претседател и соработници во врска со заговорот поврзан со наводниот обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, во кои Трамп загуби од Џо Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Прескокнувал преку мртви и раскрвавени деца, очите на Коста му биле црвени“: родителите на рането момче изнесоа нови детали од масакрот во „Рибникар“
Пред Вишиот суд во Белград денеска продолжи судењето за масакрот на Коста Кецмановиќ.
Денеска сведочеа родителите на повреденото момче Ј.Д.
Солзи кај присутните по сведочењето на родителите на момчето, пренесуваат медиумите во соседството.
– Син ми, ми се јави во 8.45 да ми каже дека е ранет. Бев од другата страна на градот и трчав кон училиште – рекол таткото. Потоа раскажувал за агонијата додека го барал синот од училиштето каде што биле присутни полицијата и итната помош.
Во сведочењето тој кажал што му кажало детето за Коста Кецмановиќ.
„Ништо не ми кажа во болница бидејќи околу него имаше полиција и форензичари. Кога излезе после три дена, ми рече: „Тато, имаше црвени очи, очи на ѓавол“. Тој го погодил со еден куршум, а другиот поминал покрај него кон вратата додека тој трчал да излезе и да се спаси. Прескокнувал мртви и раскрвавени деца. Буквално ги повлекол тие двајца пријатели кои трчале по него“, раскажал Небојша, таткото на ранетото момче.
Таткото на ранетото момче сведочеше дека нивниот живот се променил по масакрот во кој неговиот син беше застрелан во бутот.
Момчето ретко зборува за масакрот, а според сведочењето на неговите родители се уште има изразени последици и дека постојано оди на психотерапија и зема лекови.
– Се грче и скока на се. На почетокот беше неподносливо и страшно. Секој ненадеен звук го прекинуваше, а во јавниот превоз се случува кога свети и се гаси светлото, тој се откачува и ме вика мене и мајка му за да праша што да прави. Го смируваме, но веќе не е тоа дете, детството му е уништено“, изјави Небојша.
Мајката зборувала многу тивко и била ужасно депресивна и тешко ги потиснувала своите емоции, според написите на тамошните медиуми.
-Тој ден бев на училиште, работам во тоа училиште и ја познавам генерацијата на мојот син затоа што бев учителка и на нивната генерација – изјавила вознемирената мајка на момчето Будимка Димитријевиќ. Таа раскажала како тој ден дознала за масакрот и дека нејзиното дете е рането.
„Дојде колега и ја отвори вратата од училницата и рече излези, излези, има пукање во училиштето. Брзо заминавме и по некое време син ми дојде до мене и ми рече: „Мамо, ме погодија“. Децата го опколија. Ја видов раната и цело време доаѓаа информации за загинати и повредени. Учениците плачеа. Го барав мојот постар син, а Јован постојано повторуваше дека е ранет. Му реков: „Добро е, жив си, но Михајло, кој беше осмо одделение во истото училиште, го нема. За еден час се јави и тој. Не видов кога Јован го однесоа со брзата помош“, раскажала мајката.
Судскиот спор, според написите, ќе трае до средината на декември, кога треба да биде завршено вештачењето на ранетото момче, како и на извршителот на страотниот масакр.
Свет
Поради поплавите, евакуирани 1.500 лица, се трага по две исчезнати лица во близина на градот Равена
Во италијанската провинција Емилија-Ромања, која беше погодена од поројни поплави предизвикани од обилните дождови, продолжува потрагата по две лица кои беа пријавени за исчезнати во близина на градот Равена.
Речиси 1.500 жители се евакуирани од градот Бањакавал, а на сила е црвено предупредување за екстремни временски услови кои најверојатно ќе траат до вечерва, соопштија локалните власти, а пренесува „Анса“.
Болоња, Чезена, Форли, Равена и Римини беа најтешко погодени од поплавите, а имаше и бројни одрони, јавува Танјуг.
Училиштата сè уште се затворени во областа Равена и во неколку области околу Форли-Чезен.
Во мај 2023 година, Емилија-Ромања беше погодена од поплави и одрони поврзани со врнежи, во кои загинаа 17 луѓе и предизвикаа штета од неколку милијарди евра.
Многу области кои беа поплавени вчера поради обилните врнежи веќе беа погодени од поплави во 2023 година.
Во меѓувреме, силен дожд го погоди и регионот Марке, особено градот Анкона, каде што се излеа реката.
Во Тоскана, северниот дел на регионот Муџело е во состојба на готовност откако вчера беа затворени неколку провинциски патишта поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови.
Европа
Жената што го пријави Французинот во полиција по што се откри грозоморното малтретирање на неговата сопруга: Се однесуваше бедно
Жената по име Наталија е заслужна што Доминик Пелико, кој ја дрогирал сопругата и довел непознати мажи да ја силуваат додека тој снимал сè, се наоѓа пред суд.
Пелико беше уапсен во септември 2020 година во супермаркет во Карпентрас кога снимал жени под нивните здолништа. Пелико тогаш снимал и под здолништето на Наталија.
Во сведочењето за БФМТВ, Наталија рече дека е среќа што го пријавиле.
Наталија сега се присети на 12 септември 2020 година, кога сè се промени во нејзиниот живот, но и во животот на Жизел Пелико, сопругата на Доминик, која со децении трпела малтретирање, без воопшто да биде свесна за тоа.
Тој ден Доминик снимил три жени, а кога ја свртел камерата кон Наталија, пришол чувар и ѝ кажал што видел: „Тој снимаше под вашиот фустан, сакате да го пријавите?“ Тогаш Доминик Пелико беше приведен, му беше одземена компјутерската опрема и потоа беше откриен случајот со грозоморното малтретирање на неговата сопруга Жизел, кое го шокира светот.
„Го фрлив фустанот што го носев тој ден“, изјави Наталија.
Таа се присети на сите детали од тој ден во супермаркетот.
„Се однесуваше како мал бедник, како да сакаше да каже ‘ама ништо не направив’. Мислам дека сè уште имаше став на жртва“, рече Наталија.
Кога подоцна дознала за степенот на аферата, била шокирана.
„Барем две години, ако не и повеќе, не одев на шопинг во фустан. А фустанот што го носев тој ден го фрлив“, изјави Наталија.
Делумно благодарение на жалбата на Наталија, која отиде во полициска станица, Доминик завршил на суд поради злоупотреба на неговата сопруга Жизел. Наталија, барем до сега, никогаш не ја запознала Жизел Пелико. Сепак, таа навестува дека можеби ќе оди на сослушувањето за да ја поддржи.