Свет
Објавена видеоснимка од Саудијците поврзани со киднапирањето на новинарот Кашоги
Турските медиуми во средата објавија фотографии од мажи за кои се верува дека го киднапирале саудискиот новинар Џамал Кашоги додека тој бил во дипломатската мисија. Весникот „Сабах“ објави фотографии од, според нив, екипата за киднапирање на пунктот за проверка на пасоши на аеродромот додавајќи дека тие се пријавиле во два хотела во Истанбул на 2 октомври и заминале подоцна истиот ден.
Во меѓувреме „Канал 24“ исто така емитуваше видеоснимка која покажува црн „мерцедес-бенц вито“ паркиран во близина на конзулатот на 2 октомври кога Кашоги влегол во зградата на конзултатот. Медиумот сугерира дека новинарот бил во комбето, кое подоцна се упатило кон домот на саудискиот конзул и се паркирало во една гаража во близина.
Претходно, извори од турската полиција изјавија дека Кашоги можеби бил убиен во конзулатот, а саудиските власти ги негираа тврдењата нагласувајќи дека немаат никаква врска со неговото исчезнување.
Џамал Кашоги, колумнист на „Вашингтон пост“, кој ја критикуваше саудиската влада, ја напушти земјата минатата година и се пресели во САД. Минатата недела отишол во саудискиот конзулат во Истанбул за да ги собере потребните документи за својата претстојната свадба, но оттогаш му се губи секаква трага. Според свршеницата на исчезнатиот новинар, саудијските чувари ѝ рекле дека тој веќе го напуштил објектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

