Свет
Објавена снимка од местото каде што бил убиен првиот човек на ИСИС
На социјалните мрежи се појави видео од местото на кое се криел и умрел лидерот на т.н. Исламска држава Аби Бакр ал Багдади, во операцијата спроведена од страна на американските сили.
На снимката се гледаат рушевини од бункер, остатоци од облека и душеци, и се верува дека тука се случила борбата.
Вчера американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Ал Багади е мртов.
Трамп рече дека тестовите на ДНК спроведени по завршувањето на операцијата го потврдиле идентитетот на Багади.
Тој се обидел да избега и дошол до крајот на тунелот.
„Го активираше појасот со експлозив и се уби себеси и три деца. По експлозијата дел од ѕидот на тунелот се урнал врз него“, објави Трамп.
Американскиот претседател изјави дека неговата администрацијата размислува да објави видеоснимка од специјалната операција во Сирија во која е елиминиран лидерот на т.н. Исламска држава.
„Размислуваме за тоа. Би можеле да го направиме тоа. Можеме да објавиме одредени делови од операцијата“, наведе Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

