Свет
Објавени видеа од луѓе како се онесвестуваат на улица, наводно заразени од корона вирусот
На социјалните мрежи се објавени видеа од луѓе во Кина што се онесвестуваат на улица, а за кои се тврди дека се заразени со новиот корона вирус, а некои од нив наводно не преживеале.
Смртоносниот вирус се појави во градот Вухан, од див пазар за морска храна, и бргу почна да се шири најпрвин во овој град со 11 милиони жители, а потоа болеста се пренесе и во околните градови, но и во соседните држави.
#BreakingNews: Chinese hospitals in several big cities are overwhelmed due to #coronavirus outbreak and can’t accept many patients. Some people are falling and dying on the streets. As Wuhan virus spreads across the country, China puts more cities on lockdown. pic.twitter.com/WdfElaRxQ3
— ÜsameAkyürek (@UsameAkyurek) January 24, 2020
Засега е забранет влез и излез во најмалку десет града во централниот дел на Кина во провинцијата Хубеи, која има 60 милиони жители. Болеста е потврдена и во најнаселените кинески градови Пекинг и Шангај, а забележани се и случаи надвор од Кина во Хонгконг, Макао, Тајван, Тајланд, Сингапур, Виетнам, САД, Јапонија, Јужна Кореја, а повеќето од заразените биле во градот Вухан.
Sudden collapse of a man with Corona Virus in China Wuhan#CoronavirusOutbreak #coronovirus #WuhanCoronavirus #China #virus #BREAKING #BreakingNews pic.twitter.com/w2YvCFy6gn
— Elite World (@eliteworld043) January 23, 2020
Досега од вирусот починаа 25 луѓе, а над 800 се заболени. Сепак, од Светската здравствена организација сметаат дека сè уште е рано да се прогласи вонредна опасност за целиот свет.
A man fall down before he can get a cure. The outbreak of virus seems out of control. pic.twitter.com/6czujQf76s
— August (@Michael99491777) January 23, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

