Свет
Објавени сведоштвата на израелските заложници: „Изгубив 30 килограми“

Четворицата заложници, Тал Шохам, Омер Шем Тов, Омар Венкерт и Ели-Хе Коен, кои денеска се вратија во Израел, биле подложени на тортура, физичко насилство, психичко малтретирање и гладување во период од 16 месеци, објави вечерва израелската телевизија Кан 11.
Четворицата изгубиле десетици килограми од својата телесна тежина и биле држени во тунели на различни локации во Појасот Газа, според Кан.
אלי-ה כהן, עומר שם טוב, עומר ונקרט וטל שהם עברו עינויים, התעללות והרעבה; אברה מנגיסטו חזר מהשבי במצב לא טוב ומתקשה לתקשר@ItayBlumental #חדשותהשבת pic.twitter.com/oU3DmMwMOY
— כאן חדשות (@kann_news) February 22, 2025
Сите четворица сведочеа дека речиси воопшто не јаделе. „Не изгладнуваа. Тие рекоа дека сите ги избричиле главите минатата недела, а четворицата дури научиле и арапски за време на нивното заробеништво, се дознава.
Тал Шохам бил држен со други заложници и не знаел дека неговата сопруга Ади била киднапирана заедно со нивните две деца Јахел и Неве и дека сите биле ослободени од заробеништво. Кога израелските сили му покажаа слики од неговите деца, тој рече: „Колку е прекрасно да се биде слободен“.
Омар Венкерт воопшто не бил изложен на медиумите. Дури откако бил ослободен, дознал дека неговата девојка Ким Демати, со која тој отишол на забава во Реим, била убиена на 7 октомври. Венкерт ослабел 30 килограми, а едно од неговите први барања било да испуши цигара: „Јас ја чекав оваа цигара 500 дена“, рече тој. Тој бил држен и со други заложници, пренесува Кан.
Омер Шем Тов бил држен во тунел, каде што поголемиот дел од времето го поминувал сам. Тој имал малку медиумска експонираност и бил свесен за протестите за неговото враќање. Тој сведочеше дека тоа го зајакнало и му давало надеж дека на крајот ќе биде ослободен.
Ели-Ха Коен исто така беше задржан во самица и не беше изложен на медиумите. Дури денеска дозна дека неговата сопруга Жив Абауд го преживеала масакрот. Тој рече дека бил изложен на дневна светлина само во последните неколку дена кога му било дозволено да излезе надвор, објави Кан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Претседателот на Европскиот совет: Албанија би можела да влезе во ЕУ пред 2030 година

Албанија би можела да стане членка на Европската унија пред крајот на деценијата, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Ако Албанија продолжи со истото темпо, сосема е можно да се приклучи на Европската унија пред 2030 година“, рече Кошта на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рам во Тирана.
Се зависи од тоа дали ќе продолжите по истиот пат или не“, рече претседателот на Европскиот совет.
Рама неодамна обезбеди четврти мандат со својата Социјалистичка партија на парламентарните избори.
За време на предизборната кампања Рама им вети на Албанците пристапување во Европската унија до 2030 година.
Од 2014 година, Албанија е официјален кандидат за членство, а преговорите се во тек од 2022 година. Земјата е членка на НАТО од 2009 година.
Набљудувачите неодамна забележаа одреден напредок во борбата против корупцијата.
Свет
Се огласи Ердоган: Турција е подготвена

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека неговата земја е подготвена да им биде домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин „кога ќе бидат подготвени да се сретнат“.
На средбата со Зеленски во Анкара, Ердоган ја оцени актуелната ситуација како историска можност за почеток на преговорите меѓу Русија и Украина и ја изрази силната поддршка на Турција за дијалогот, како на техничко, така и на највисоко лидерско ниво, пишува весникот „Дејли Сабах“.
Тој ја повтори подготвеноста на Турција да биде домаќин на евентуален самит меѓу Путин и Зеленски и нагласи дека Анкара придава големо значење на одржувањето на отворените канали за комуникација меѓу Москва и Киев.
Руската делегација на преговорите во Истанбул ја предводи помошникот на рускиот претседател Владимир Медински.
Претходно, европските лидери го повикаа Кремљ на целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот, а Путин предложи директни разговори во Истанбул.
Свет
Британскиот министер за одбрана: Време е да се изврши притисок врз Путин

Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека сојузниците на Украина „мора да дејствуваат“ и „да го зголемат притисокот врз Путин“, во услови на неизвесност за мировните преговори во Турција, пренесе АФП.
Зборувајќи по состанокот со германскиот министер за одбрана Борис Писториус во Берлин, Хили повика на нови санкции против Русија и нагласи: „Треба да извршиме притисок врз Путин да го принудиме на преговарачка маса. Сега е време да започнеме преговори и да ја запреме војната“.
Тој додаде дека рускиот претседател „има моќ да ја запре војната – може да отпатува во Истанбул, да преговара и да нареди прекин на огнот“.