Свет
(Видео) Од надежен фудбалер до џихадист – кој е терористот од Виена?
Застреланиот напаѓач, кој уби четири лица и повреди над 17 лица во терористички напад во центарот на Виена, Албанец по потекло од тетовското село Челопек, Кујтим Фејзулаи, имал контакти и со млади албански исламисти од Косово кои живеат во Австрија, тврдат австриските медиуми. Весникот „Хојте“ наведува дека австриската полиција прави сè за да се расветли позадината на злосторството, кое е поврзано со напаѓачот и 12 осомничени исламисти.
Фејзулаи живеел во Медлинг, бил многу талентиран фудбалер како тинејџер, а минатата година бил осуден за терористичко здружување со други исламисти. Како што изјави министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, Фејзулаи бил осуден на 22 месеци затвор на 25 април минатата година поради обид да патува во Сирија за да се приклучи на Исламската држава.

Тој бил предвреме ослободен од затвор, со условен отпуст на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, тој бил гонет според законската регулатива предвидена за млади престапници, која предвидува поблаги казни. Убиениот терорист често ги посетувал исламистичките радикални џамии.
„Хојте“ тврди дека тој патувал во Словачка со свој познаник кон средината на јули, со цел да купи муниција за неговиот калашников. Автомобилот којшто го користел ѝ припаѓал на мајката на еден од неговите контакти, инаку од Косово, со кој се познавале од радикалната исламистичка сцена. За време на терористичкиот напад во Виена, Фејзулаи го употребил толкму тој калшников, но и пиштол и мачета.
Vienna gunman, 20, who killed four and wounded 17 was released early from prison on terror charges https://t.co/fQoVJdJNxt pic.twitter.com/Tz4k1BBxEG
— Daily Mail Online (@MailOnline) November 3, 2020
Во нападот, кој се случи синоќа во центарот на Виена, напаѓачот уби четири лица и повреди најмалку 17 лица. Полицијата успеа да убие еден напаѓач.
Пред терористичкиот напад во Виена, во кој беа убиени три лица, на Инстаграм се појави слика на џихадист со многу слично оружје како виенскиот терорист. Австриската полиција сè уште го проверува идентитетот на убиениот терорист, а германски Билд пренесува дека истражителите се сомневаат дека станува збор за лице чија слика е објавена на Инстаграм. Според Билд, тој во понеделникот им испратил на двајца пријатели снимки од нападот на „Шарли Ебдо“ од 2015 година, кога биле убиени 12 лица, а на Инстаграм објавил неколку слики на кои се заколнува во верност на водачот на терористичката милиција на т.н. Исламска држава.
На некои фотографии тој позира со пушка и мачета, а има и слика со куп муниција. Сликите исто така покажуваат дека тој го напишал арапскиот збор Бакијах, кој е дел од фразата – „Исламската држава останува и се шири“.
The Turks Mikail Özen and Recep Tayyip Gültekin were in the area of the terror attack in #Vienna, #Austria.
▪️Gültekin and Özen carried an injured police officer to the ambulance.
▪️They drove an old woman in the area to safety after alarming the police.pic.twitter.com/93HIyaGOsD— EHA News (@eha_news) November 2, 2020
Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Неамер, изјави дека напаѓачот кој бил застрелан бил радикализиран и дека тој бил симпатизер на Исламската држава. За време на нападот, напаѓачот носел и нешто што изгледало како појас со експлозив, но се покажало дека станува збор за лажен експлозивен појас.
Австриската полиција, поддржана од специјални единици, уапси 12 лица за контакт и изврши претрес во нивните станови во Виена и Сент Пелтен. Осомничените, кои беа уапсени, се на возраст меѓу 16 и 25 години, а тие се од Косово, Чеченија и Бангладеш. Станува збор за млади мажи кои претежно се родени во Австрија, но сите со странски корени. Австрија со децении има проблем со радикалната исламистичка сцена, која, сепак, досега не извршуваше напади.
Експертите од Балканот честопати предупредуваа на екстремна салафистичка сцена во Виена.Покрај исламистите од Босна и Херцеговина, и Албанците се многу застапени во радикалната исламистичка сцена.Така, во изминатите години вниманието на австриската јавност го привлече случајот со Албанец роден во Австрија, кој како малолетник планирал терористички напад со пријател. Албанецот во моментов е во затвор, каде што продолжил со своите исламистички планови, како што се покажа во последните неколку недели, кога беше утврдено дека тој продолжува да одржува контакт со радикални исламисти и да разменува мислења за можни напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД го извршија првиот копнен напад врз Венецуела; Трамп: Уништивме голем магацин
Соединетите Американски Држави, според претседателот Доналд Трамп, го извршија својот прв копнен напад врз Венецуела. Трамп рече дека нападот бил извршен на Бадник, а целта бил објект каде што наводно се наоѓале бродови со дрога, пишува Telegraph.
Во интервју за Fox News, американскиот претседател ја опиша акцијата подетално. „Тие имаат голема фабрика или голем објект од каде што доаѓаат бродовите. Пред две ноќи, го уништивме тоа. Ги погодивме многу силно“, рече Трамп. Засега, останува нејасно за кој објект станува збор.
Доколку се потврди, тоа би бил првиот напад врз венецуелска почва откако Вашингтон започна кампања за соборување на претседателот Николас Мадуро. Венецуелската влада или тамошните претставници сè уште јавно не објавиле копнен напад на САД.
На Бадник, на перонот X се појави снимка што покажува експлозија во венецуелската држава Зулија, во близина на Маракаибо, вториот по големина град во земјата. Сепак, хемиската компанија Примазол, која работи во областа, издаде соопштение во кое се вели дека пожар избувнал во еден од нејзините магацини наутро на 24 декември.
Компанијата „категорично ги отфрли“ сите сугестии дека пожарот е резултат на американски напад. Од почетокот на септември, американските сили извршија околу дваесетина рации врз мали бродови обвинети за транспорт на нелегални дроги во Соединетите Држави, при што загинаа 105 лица.
Свет
Трамп: Путин ми кажа дека Украинците го нападнале неговиот дом, многу сум лут поради тоа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му кажал дека Украина наводно нападнала една од неговите резиденции со беспилотни летала, велејќи дека таквиот потег „не е добар“, иако Киев веднаш ги отфрли тврдењата.
„Не ми се допаѓа. Тоа не е добро“, рече Трамп, додавајќи: „Слушнав за тоа утрово. Дали знаете кој ми го кажа тоа? Претседателот Путин. Тој ми кажа рано утрово дека бил нападнат. Тоа не е добро. Тоа не е добро. Не ги заборавајте Томахавците, јас ги запрев, не го сакав тоа. Едно е да се биде навредлив, бидејќи и тие (Русите) беа навредливи. Но, друго е да се нападне неговата куќа. Не е вистинско време за ништо од тоа. Денес дознав за тоа од претседателот Путин и бев многу лут.“
Тој додаде дека е можно обвинувањата да се лажни и дека нападот воопшто не се случил, но истакна: „Но, претседателот Путин ми кажа утрово дека се случило.“
Ова се првите изјави на Трамп за случајот откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров јавно упати обвинувања против Украина.
„Всушност, штотуку слушнав за тоа, но не знам ништо за тоа. Тоа би било многу лошо. Тоа не би било добро“, изјави Трамп пред новинарите пред средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида.
Трамп го опиша телефонскиот разговор со Путин како „продуктивен“, но додаде дека сè уште има отворени прашања за постигнување мировен договор за Украина.
фото/депозитфотос
Свет
Раздор во италијанската влада околу помошта за Украина, сепак, одобрен нов пакет
Италијанската влада денес одобри декрет за продолжување на воената помош за Украина во 2026 година, постигнувајќи коалициски компромис по неколкунеделна дебата што ги откри поделбите околу надворешната политика во кабинетот на премиерката Џорџа Мелони.
Договорот дојде во услови на закани од крајно десничарската Лига, која имаше блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин пред руската инвазија на Украина во 2022 година, дека нема да ја поддржи мерката, влошувајќи го расколот околу ставот на Италија за војната.
Лидерот на Лигата, Матео Салвини, инаку заменик-премиер, тврдеше дека испраќањето дополнителна воена помош за Украина може само да ја поттикне корупцијата во Киев, наместо да помогне во завршувањето на војната. Критичарите го обвинија дека ја промовира агендата на Путин.
Новата регулатива е слична на законите одобрени во последните три години. Се вели дека владата ќе испрати воени возила, разни материјали и опрема во Украина.
Сепак, Лигата објави дека, за разлика од текстот од 2025 година, новата регулатива наведува дека приоритет ќе се даде на логистичката и медицинската опрема за цивилна употреба и опремата за одбрана од ракетни и кибер напади и беспилотни летала.
Канцеларијата на премиерката Мелони сè уште не го објави текстот на документот.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој ја предводи коалициската партија Форца Италија, го поздрави новиот закон, кој парламентот мора да го одобри во рок од два месеци.
„Тоа е апсолутно избалансиран декрет, како и претходниот. Италија ќе продолжи да ја поддржува Украина воено, економски, финансиски и политички“, беше цитиран од дневниот весник „Кориере дела Сера“.
Од руската инвазија на Украина, Италија испрати 12 пакети воена помош во Киев, иако никогаш не ја откри точната содржина на пакетите, тврдејќи дека информациите се доверливи.
Но, началникот на Генералштабот на италијанската одбрана, генерал Лучијано Портолано, за весникот „Ил Соле 24 Оре“ изјави дека Италија досега испратила залихи во вредност од над 3 милијарди евра.
Иако Италија постојано обезбедува помош за Украина, таа заостанува зад другите големи европски економии, особено Германија, која ѝ испратила на Украина повеќе од 15 милијарди евра во воена опрема, додека милијарди повеќе се ветени.
фото/депозитфотос

