Свет
Олеснување на мерките во Австралија, 11 дена без нови случаи на коронавирус

Мерките поради коронавирусот на границите меѓу трите најнаселени федерални држави во Австралија треба да се олеснат бидејќи веќе 11 дена нема нови случаи на Ковид-19, објавија австралиските власти.
Австралија воведе карантин и строги контроли за патниците од државата Нов Јужен Велс (НСВ) по избувнувањето на епидемијата во Сиднеј кон крајот на декември и бидејќи жариштата во овој град сега се под контрола, тоа им дава можност на другите делови од земјата кои немаат нови случаи да ги отворат своите граници за жителите на НСВ, пренесува „Ројтерс“.
Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук, потврди дека нејзината земја ќе ги прима жителите на НСВ од 1 февруари.
„Сакам да ги видам семејството и пријателите како се обединуваат“, рече Палашчук на прес-конференцијата, пренесува агенцијата.
So Proud of where I live ? South Australia ?? Latest COVID update makes me Smile ? pic.twitter.com/KjZDyOm2cF
— Neen (@Killjoyneen) January 28, 2021
Југоисточната држава Викторија, која е домаќин на тенискиот турнир „Австралија опен“, посочи дека в петок може да ги промени мерките што се на сила на границата со НСВ.
Немало локални случаи на инфекција со Ковид-19 во овој дел на Австралија 22 дена, а во Викторија постои систем на дозволи за сите патници во кои државните области се означени како зелена, портокалова или црвена во согласност со нивната епидемиолошка ситуација.
Патниците од црвената зона не смеат да влезат во Викторија, додека оние од портокаловата зона ќе треба да направат тест за коронавирус во рок од три дена по пристигнувањето.
„Се надевам дека до крајот на утрешниот ден нема да има црвени зони во Нов Јужен Велс“, рече премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.
Австралија од март пријавила повеќе од 22.000 локални случаи на смртност од Ковид-19 и 909 смртни случаи и е меѓу 10-те најуспешни земји во борбата против пандемијата на коронавирус, ннаведува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Би-Би-Си“: Европа сака да покаже дека е клучна за договорот за Украина

И покрај неуспехот да се обезбеди прекин на огнот, Европа сега се обидува да му покаже на американскиот претседател Доналд Трамп дека е клучна за мировниот договор што тој го сака, пишува „Би-Би-Си“.
Откако Вашингтон првично ја исклучи ЕУ од своите дипломатски напори, европските лидери сега ќе бидат претставени во поддршка на Володимир Зеленски на утрешниот состанок во Белата куќа. За украинскиот претседател, ова е и можност да го поправи впечатокот по последната, озлогласена посета на Белата куќа и конфликтот со Трамп и неговиот потпретседател Џ.Д. Венс.
Според Би-Би-Си, Европа веќе ја поддржа одлуката на Трамп да го прескокне прекинот на огнот, и останува да се види дали ќе се обидат да го убедат да заземе поцврст став кон Владимир Путин.
Светските медиуми претходно пренесоа дека Зеленски во Вашингтон ќе стигне со тешка артилерија, придружуван од првите луѓе на ЕУ и НАТО.
Свет
(Видео) Зеленски пристигна во Брисел на средба со Урсула фон дер Лајен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Брисел, каде што ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди неговиот портпарол.
Таа претходно објави дека ќе им се придружи на Зеленски и на американскиот претседател Доналд Трамп на утрешната средба во Вашингтон.
Zelensky has arrived in Brussels. He is scheduled to meet with European Commission President Ursula von der Leyen today, followed by their participation in an online meeting of the Coalition of the Willing leaders. pic.twitter.com/b6dOpeLLin
— WarTranslated (@wartranslated) August 17, 2025
Регион
Вучиќ: Прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат; за 3-4 дена изненадувачки одлуки, ќе го победиме злото

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати нацијата поради протестите и насилствата на улиците. Тој предупреди дека „прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат“, оценувајќи дека „банда владее по улиците“ и државата ќе одговори.
Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилства во Валево, Белград и Нови Сад, вклучително и палења и напади врз простории на политички партии и полицијата. Тој оцени дека она што се случуваше во Нови Сад и Ваљево, каде што беа демолирани и запалени просториите на владејачката Српска напредна партија, е тероризам.
На прашање за Мартa Кос и присуството на малолетници на протестите, рече дека недозволиво е рушењето на простории на политички партии и дека одговорноста е кај насилниците, а не кај државата.
Вучиќ уверува дека станува збор контролирани сценарија на хаос, според кои протестите се организирани со цел дестабилизација и поттикнување на изборни барања. Тој најави дека во наредните 3-4 дена ќе следат „изненадувачки одлуки“ на државата и дека за 10 дена ќе бидат приведени сите кои учествувале во нередите.
„Со народот на Србија ќе го победиме ова зло“, заклучи претседателот, истакнувајќи дека државата ќе се спротивстави на внатрешниот хаос и надворешните притисоци.