Свет
ОН: Путин начелно се согласи Црвениот крст да ги евакуира цивилите од фабриката за челик „Азовстал“

Рускиот претседател Владимир Путин начелно се согласил да ги вклучи Обединетите нации и Меѓународниот Црвен крст во евакуацијата на цивилите од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, последното упориште на украинските бранители во разурнатиот град, соопштија ОН по состанокот меѓу генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и Владимир Путин во Москва.
Во Москва, Гутереш ja повтори позицијата за инвазијата на Украина, а двајцата лидери разговараа за предлозите за хуманитарна помош и евакуација на цивили од воените зони, се вели во соопштението на ОН.
Понатамошни разговори за евакуација ќе се одржат меѓу Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања и руското Министерство за одбрана, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија: Целосно го ослободивме Лиман од украинските националисти

Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека Лиман, град во областа Доњецк, е под целосна контрола на руските сили и проруските сепаратисти.
Тоа е важен железнички јазол западно од Северодоњецк. За Лиман утринава зборуваше и британското Министерство за одбрана, кое соопшти дека бил окупиран од руски сили.
„По заедничка операција на милицијата на Народна Република Доњецк и руските вооружени сили, градот Лиман е целосно ослободен од украинските националисти“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Украина вчера призна дека Русија го зазела поголемиот дел од Лиман, но тврди дека украинските сили сè уште го блокираат пристапот до Славјанск, град на околу половина час возење југозападно.
Лиман е стратешки важен град бидејќи овозможува пристап до железнички и патни мостови преку реката Сиверски Доњец.
Свет
Украинска армија: Убивме повеќе од 30.000 Руси

Украинската армија објави дека убила повеќе од 30.000 руски војници од почетокот на руската инвазија, пишува „Киев Индепендент“.
Тие тврдат дека уништиле 1.330 тенкови, 207 авиони, 174 хеликоптери и повеќе од 500 беспилотни летала.
Овие бројки не се независно потврдени.
These are the indicative estimates of Russia’s combat losses as of May 28, according to the Armed Forces of Ukraine. pic.twitter.com/amu2h8CKK8
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 28, 2022
Свет
Зеленски: Донбас ќе биде наш, иако ситуацијата е многу тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија греши ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини.
„Донбас ќе биде украински“, рече Зеленски во видео обраќањето. Тој додаде дека дури и ако Русија носи уништување и страдање насекаде, Украина сепак ќе го обнови секој град.
Зеленски оцени дека ситуацијата во Донбас е многу тешка и дека руските сили во најмалку 100 дена војна се обидуваат да ги постигнат целите што се надевале дека ќе ги постигнат во првите денови од конфликтот.