Контакт

Свет

Орбан со поддршка за Трамп: „Познат ни е моралниот империјализам на демократите“

Објавено пред

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја поддржа кандидатурата на американскиот претседател Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД.

Тој рече дека го поддржува Трамп затоа што неговите ривали од Демократската партија во САД наметнале „морален империјализам“ на светот.

„Се надеваме на победа на Доналд Трамп, бидејќи добро ја познаваме дипломатијата на американските демократски власти, која е изградена врз моралниот империјализам“, истакна Орбан.

Орбан додаде дека Унгарија претходно ги проценила демократските власти во Соединетите Држави и дека не сака да се повтори нивното владеење.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Ердоган ѝ порача на Русија да ја преиспита одлуката за напад на Украина

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја повика Русија да не ја напаѓа Украина.

„ Русија треба да ја преиспита светската ситуација и сопствената ситуација пред да се реши на таков чекор“, изјави Ердоган на новинарите по посетата на Албанија.

Ердоган рече дека руската инвазија на Украина не ја смета за реален пристап бидејќи, како што наведе, Украина не е обична земја.

„ Украина е силна земја“, рече турскиот претседател.

Москва, која го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година, негира дека планира напад врз Украина, но го предупреди Западот дека проширувањето на НАТО кон таа и другите поранешни советски земји е „црвена линија“ што не смее да се помине.

Прикажи повеќе...

Свет

‘Рчковци заразија со коронавирус вработен во петшоп во Хонг Конг – ќе бидат убиени над 2.000 мали животни

Објавено пред

Неколку глодачи биле позитивни на коронавирус во продавница за миленичиња, каде што работел заразениот работник.

Властите во Хонг Конг објавија дека по ова откритие, ќе уништат речиси 2.000 мали животни, вклучително и ‘рчковци.

Градот исто така ќе ја запре продажбата на ‘рчковци и увозот на мали цицачи, соопштија претставници од одделот за земјоделство, рибарство и заштита, пренесува „Ројтерс“.

Овој потег следува откако вчера вработен во продавница за миленичиња беше позитивен на сојот делта. Исто така, беше објавено дека неколку ‘рчковци увезени од Холандија во истата продавница биле исто така позитивни на коронавирус.

„Ако имате ‘рчко, треба да го чувате дома, не вадете го надвор“, рече на прес-конференција Леунг Сиу-фаи, директор на одделот, додавајќи дека сите сопственици на домашни миленици треба да ја почитуваат личната хигиена и да ги мијат рацете по контакт со животните и нивната храна.

Иако локалните власти признаа дека нема докази дека миленичињата може да го пренесат коронавирусот на луѓето, поединците што купиле ‘рчковци во продавницата по 7 јануари, ќе бидат следени и подложени на задолжителен карантин како мерка на претпазливост.

Тие исто така ќе мора да им ги предадат своите ‘рчковци на властите за да ги заспијат. Властите во Хонг Конг соопштија дека сите продавници за домашни миленици што продаваат ‘рчковци во градот мора да престанат да работат и дека околу 2.000 мали цицачи, вклучително и ‘рчковци и чинчили, ќе бидат убиени на хуман начин.

Прикажи повеќе...

Свет

Напад врз седиштето на австриската народна партија во Виена

Објавено пред

Со најавата за воведување задолжителна вакцинација во Австрија раздорот во општеството порасна. Сега цел станаа и просториите на владејачките партии.

Антиваксерите сѐ повеќе ги радикализираат своите акции бидејќи предлогот за задолжителна вакцинација помина во парламентот.

Откако на продавниците што не дозволуваат невакцинирани луѓе да влезат во нив бил залепен плакат „Вакцинални фашисти“, во градот Швехат, во близина на Виена, со петарди бил скршен прозорецот на седиштето на Австриската народна партија (ОВП).

Според полицијата, непознати лица во текот на ноќта фрлиле пиротехничко средство, при што го скршиле излогот и направиле голема материјална штета.

Службата за заштита на уставот и борба против тероризмот била информирана и почнала истрага.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија2 часа

(Видео) Митева: СДСМ го осиромашува домашниот буџет

Неуспешните економски политики на СДСМ не може да резултираат со успех во енергетиката, тоа се гранки што се поврзани и...

Македонија2 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа3 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија3 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски го пречека премиерот Петков на првата официјална посета на нашата земја

Со државна церемонија пред платото на Владата, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, го пречека премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков,...

Македонија5 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет5 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија6 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија15 часа

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија19 часа

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија22 часа

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија23 часа

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија1 ден

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија1 ден

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет1 ден

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт1 ден

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Регион1 ден

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат во сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години што не се вакцинирани...

Свет1 ден

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Досие