Контакт

Свет

Осомничениот напаѓач, кој уби тројца во Нижни Новгород, пронајден мртов

Објавено пред

Полицијата и припадниците на Националната гарда го пронајдоа телото на младото момче осомничени за убиство на тројца жители на регионот Нижни Новгород во западна Русија, изјави во вторникот за ТАСС регионалниот оддел на Министерството за внатрешни работи.

Претходно, извор од полицијата изјави дека момчето извршило самоубиство.

„Полициските службеници заедно со припадниците на Руската национална гарда во регионот пронајдоа тело на 18-годишен жител на Нижни Новгород, кој е осомничен за убиство на три лица“, соопшти прес-службата.

Телото е откриено во шума во близина на населбата Бољшеорловское во областа Борски.

Според првичните податоци, момчето дошло во селото да ги посети своите роднини. Вечерта на 12 октомври тоа отворило оган во населбата Бољшеорловско и подоцна избегало од местото на настанот. Регионалната дирекција на Рускиот истражен комитет извести дека три лица биле убиени, а уште три биле ранети.

Полициските единици за специјална намена и единицата за брзо распоредување биле испратени на местото на злосторството за да го приведат вооружениот напаѓач кого полицијата го идентификуваша како Данил Монахов (18).

Инцидентот бил предизвикан од конфликт меѓу него и неговата баба, која ја ранил со пушка. Жената била итно пренесена во локалната болница во сериозна состојба. Момчето го нападнало и својот сосед, а потоа убило уште две лица на автобуска станица. Таму биле ранети уште две жени.

Подоцна, изворот за ТАСС изјави дека бабата починала во болницата, а бројот на жртвите се искачил на четири.

Монахов потоа избегал од местото со автомобил „киа“, со две ловечки оружја и приближно 40 куршуми. Полицијата соопшти дека дозволата за една од пушките била законски добиена пред неколку месеци кога Монахов наполнил 18 години.

Истражителите велат дека тинејџерот бил љубител на огнено оружје, а соучениците го опишале како тивка личност и страсен обожавател на компјутерски игри.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Фронтекс ќе истражува нелегално враќање на мигрантите од страна на Грција

Објавено пред

Граничната агенција на ЕУ објави денеска дека започнала внатрешна истрага за нелегалното грчко враќање на мигранти по различните извештаи во меѓународните медиуми, пренесува „Екатимерини“.

„Ги разгледуваме обвинувањата изнесени од повеќе новински организации поврзани со нашите активности на надворешната граница на Грција“, рече извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Леџери, во писмената изјава во која се наведува дека агенцијата нема да толерира никакви повреди на основните човекови права.

„Ние остануваме посветени на обезбедувањето поддршка за Грција на нејзините надворешни граници во согласност со нашиот мандат и во духот на солидарноста на ЕУ, целосно почитувајќи ги основните права и меѓународното право“, додаде тој.

Фронтекс рече дека несогласувањето меѓу Турција и Грција за поморските граници дополнително ја комплицира ситуацијата.

Групите за човекови права одамна ги обвинуваат грчките граничари за намерно напуштање и принудно враќање на бегалците на море. „Шпигел“ минатата недела објави документи кои покажуваат дека единиците на Фронтекс ја набљудувале, па дури и ја поддржувале оваа практика во последните месеци, во спротивност со меѓународното право

„Нашето истражување првпат докажува дека претставниците на Фронтекс знаат за незаконските практики на грчките граничари и дека самата агенција на моменти е вклучена во тие активности“, објави неделникот.

„Шпигел“ документираше најмалку шест инциденти во кои единиците на Фронтекс биле вклучени во нелегално враќање на мигрантите во близина на островите Лезбос и Самос помеѓу 28 април и 19 август.

Анализата на „Шпигел“ беше поткрепена и од „Лајтхаус рипортс“, „Белинкет“, германската телевизија АРД и јапонската телевизија ТВ Асахи.

Прикажи повеќе...

Свет

Францускиот амбасадор во Шведска: Франција е муслиманска земја

Објавено пред

Додека вербалните напади на францускиот претседател Емануел Макрон врз политичкиот ислам предизвикаа дипломатски конфликт со Турција и доведоа до протести и зачеток на бојкот на француските производи во арапскиот свет, амбасадорот на Франција во Шведска, Етјен де Гонвил, цврсто ја отфрли идејата дека постои ризик од конфликт меѓу Франција и муслиманскиот свет, пренесува „Спутник“.

Де Гонвил отиде дотаму што во интервју за шведскиот национален радиодифузер СВТ ја нарече Франција муслиманска земја.

„Прво и основно, Франција е муслиманска земја“, рече Етјен де Гонвил. „Исламот е втора по големина религија во Франција. Имаме некаде помеѓу 4 и 8 милиони француски граѓани кои имаат муслиманско наследство“, истакна тој.

Амбасадорот истакна дека пропагандата на Ал каеда ги принудува муслиманите да извршат терористички акти, а не исламот како таков.

Кога водителот Андерс Холмберг сугерира дека дури и муслиманите што не се радикални се навредени од карикатурите на пророкот Мухамед, Де Гонвил возврати дека тоа е морално двосмислено прашање. Според Де Гонвил, главната тема на дискусијата е тероризмот, а не исламот, а ставањето поинаков акцент би било погрешно.

„Медиумите мора да знаат како да го решат прашањето на исламски тероризам и да не паднат во стапицата на таа идеја дека наводно ќе го навреди исламот. Исламот е многу разнолик. Оние што сега ги слушаме зборуваат за овие радикални исламистички тимови. Не треба да им даваме поголема важност отколку што имаат. Тие се малцинство“, рече амбасадорот.

Професорот по историја Самуел Пети беше брутално обезглавен во предградие на Париз од страна на 18-годишник со чеченско потекло по покажувањето неколку сатирични карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед за време на предавањето за слободата на говорот и слободата на совеста. Иако осомничениот беше застрелан од полицајци истиот ден, истрагата за бруталното убиство е во тек.

Грозоморното убиство на Пети ја потресе Франција предизвикувајќи масовни протести во одбрана на слободата на говорот. Претседателот Макрон веднаш го искажа својот став нарекувајќи го злобниот инцидент терористички напад наложувајќи ѝ на својата влада да преземе чекори за искоренување на исламистичката закана и засилување на безбедноста.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Ердоган поднесе кривична пријава против холандскиот десничар Герт Вилдерс

Објавено пред

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, поднесе кривична пријава против десничарскиот холандски политичар Герт Вилдерс, лидер на Партијата на слободата во Холандија, која е од радикалната десница, поради навредлив твит, пренесува „Анадолија“.

Во кривичната пријава поднесена од адвокатот на Ердоган, Хусеин Ајдин, до Државното јавно обвинителство во Анкара, се наведува дека Вилдерс извршил кривично дело со навредливите зборови насочени кон Ердоган кои не може да се сметаат за слобода на говорот.

„Осомничениот Вилдерс во својата содржина насочена кон нашиот претседател користеше изрази на навреда на честа и достоинството на нашиот претседател и го изврши злосторството јавно напаѓајќи ги неговата личност, достоинство и углед. Во овој контекст бараме да се спроведе истрага против обвинетиот“, е наведено во жалбата.

Во кривичната пријава се потсетува дека според член 104 од Уставот на Турција, претседателот ги претставува Турција и единството на турскиот народ. Од оваа причина, иако кривичното дело е направено против лице, а не против функцијата претседател, кривичното дело навреда на претседателот не треба да се смета за кривично дело извршено против лице.

Во овие рамки навредата на претседателот, според законодавецот, треба да се смета како навреда извршена против државата.

„Фашизмот не е во нашата агенда, туку во твојата. Социјалната правда е во нашата агенда“, рече Ердоган во неделата на состанокот на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК) во источната провинција Малатија нарекувајќи го Вилдерс фашист.

Неговите забелешки следуваа откако Вилдерс, познат по својот антиисламски став, сподели на „Твитер“ навредлива карикатура на турскиот претседател, која беше осудена од неколку турски официјални лица, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет2 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет3 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија3 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука5 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија6 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија6 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија6 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија7 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион7 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион8 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет8 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет9 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа9 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија17 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет20 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа21 час

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија22 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија1 ден

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Досие