Свет
Осудена иранска екологистка вели дека ѝ се закануваат со смрт и силување
Активистката за заштита на животната средина Нилуфар Бајани вели дека припадници на Иранскиот револуционерен корпус (ИРГЦ) ја испрашувале и ја мачеле најмалку 1.200 часа заканувајќи ѝ се со смрт, силување и принудувајќи ја да имитира звуци на диви животни.
Тортурата, која е детаљно опишана во документите што ги добил персискиот сервис на Би-би-си, како и писмата на Бајани, кои таа ги упатувала до иранските власти, имала цел да ја скрши и да ја натера да ги признае обвинувањата што ѝ ставани на товар, како и на другите еколози, за „непријателска соработка со САД“.
Бајани, која издржува казна од 10 години затвор, е една од осумте члена на Фондацијата за зачувување на растителниот и животинскиот свет, кои беа уапсени на почетокот на 2018 година под обвинение за шпионажа.
Нивните затворски казни во траење од четири до 10 години ги потврди повисокиот суд, соопшти портпаролот на иранското правосудство, Голамхусеин Есмаили.
Разузнавачката гранка на моќниот ИРГЦ ги уапси еколозите на крајот на јануари 2018 година, меѓу кои и директорот на Фондацијата за зачувување на дивиот свет, Кавус Сејед Емами, истакнат иранско-канадски универзитетски професор. По неколку дена, Сејад Емами почина во притвор под необјаснети околности. Властите соопштија дека тој се самоубил, но неговите пријатели и роднини се сомневаат во причините за смртта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

