Контакт

Свет

Осуммина загинати во библиските поплави на Мајорка

Објавено пред

Најмалку осум лица загинаа, а девет се водат за исчезнати кога обилниот дожд го поплави градот Сант Лоренк де Кардасар и неговата околина на Мајорка, се вели во извештаите на итната служба, пренесува „Спутник“.

Повеќе од сто луѓе се евакуирани од градот, главните патишта се затворени за сообраќај, а има и прекин во снабдувањето со електрична енергија во регионот.

„Бројот на жртвите поради вчерашниот интензивен дожд се искачи на осум“, изјавија на „Твитер“ службите за итна помош.

Двајца Британци загинале во такси фатено во поплавите.

Службите за итни случаи беа распоредени во областа, при што спасувачкиот персонал се обидуваше да го процени размерот на штетата со хеликоптерски прелети, а жителите беа евакуирани од покривите и балконите. Шокантните фотографии и видеа сведочат за една од најстрашните поплави на Мајорка.

Европа

Борел: ЕУ не е банкомат, Украина мора да продолжи со реформите

Објавено пред

Поддршката на ЕУ за Украина ќе продолжи, но исто така е тесно поврзана со потребата од зајакнување на владеењето на правото и борба против корупцијата во земјата, рече високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Џозеп Борел по неговата прва посета на земјата.

Шефот на европската дипломатија беше во Киев во вторникот, а по враќањето од состанокот со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеб, тој јасно стави до знаење дека ЕУ не е ниту добротворна организација ниту банкомат.

Во изминатите шест години, поранешната советска република доби 14 милијарди евра „нерегистрирана“ поддршка од ЕУ.„Сепак, не сите тековни неволји во Украина се поврзани со Ковид-19“, напиша Борел на својот блог по посетата на Киев, потсетувајќи на зголемената загриженост од меѓународните партнери и граѓанското општество дека парламентарното мнозинство на претседателот Володимир Зеленски ја изгуби својата волја за сеопфатно преструктурирање на судскиот систем и придружните тела за борба против корупција.

„И, како што му реков на претседателот, ЕУ не е ниту добротворна организација ниту банкомат: ние најдобро ќе и помогнеме на Украина ако и помогнеме да спроведе реформи. Но, само Украинците можат да го сторат тоа“, рече тој.

ЕУ во јуни потпиша договор со Украина од 1,2 милијарди евра во форма на поволни заеми за подобрување на финансиската состојба на земјата и за дополнување на помошта на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Прикажи повеќе...

Свет

Патниците бараат проѕирни прегради во авионите, не се чувствуваат безбедно

Објавено пред

Патниците сакаат проѕирни пластични прегради во авионите за да се чувствуваат безбедно за време на пандемијата на коронавирус и не веруваат безрезервно во тврдењата за висок квалитет на воздухот, предупредуваат челниците на авијацискиот сектор.

Другите трендови може да вклучуваат поголемо растојание помеѓу седиштата во бизнис-класата во авионите со тесен труп, уреди со сензори во тоалети и трајна пренамена на патничките авиони во товарни, заклучено е на панелот на онлајн конференцијата за МРО Азија-Пацифик.

„Ембраер СА“ ја разгледува можноста за инсталирање  пластични прегради за повеќекратна употреба и за еднократна употреба во авиони на регионалните летови“, изјави Порт Антунес, шефица за деловен развој во азиско-пацифичкиот оддел на бразилскиот производител на авиони „Лаис“ .

Проблемот е што преградите треба да бидат лесни, отпорни на високи температури и не треба да го пречат при чистењето и евакуацијата на авионите, додаде таа.

„Современите авиони се веќе опремени со одлична технологија за филтрирање на воздухот. Патниците треба да се чувствуваат безбедно во авионот, но треба да се уверат дека нешто се прави”, објасни Порт Антунес.

„Благодарение на преградата меѓу седиштата, патниците може да се чувствуваат побезбедно, особено за време на оброците кога ги симнуваат маските и постои можност за контаминација“, истакна Тан, додавајќи дека неговата компанија веќе има развиено прототип.

Во деловна класа, авиокомпаниите веќе покажуваат поголем интерес за испружени седишта бидејќи планираат да користат авиони со тесен труп на подолги линии“, изјави Кејт Шефер, потпретседателка на одделот за специјални производи и услуги на „Боинг“.

„Патниците од премиум класа се многу заинтересирани за решенија во форма на капсула“, рече Шефер, предвидувајќи голем интерес за вратите и степенесто поставување на седиштата.

Прикажи повеќе...

Регион

Помпео следната недела во Хрватска, во фокусот Западен Балкан

Објавено пред

Шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, потврди дека следната недела во Хрватска пристигнува американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и дека меѓу темите на разговор ќе биде и укинувањето на визите, Западен Балкан со акцент на Босна и Херцеговина, договор за избегнување на двојно оданочување и визно ослободување.

Меѓу членките на ЕУ единствено државјаните на Хрватска, Бугарија, Романија и Кипар не можат да влезат во САД без виза.

Министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, изјавил во јуни дека Хрватска е во завршна фаза за ослободување од визите за САД.

„Во скеој случај тоа е една добра средба. Ги зајакнуваме трансатлантските врски и соработки“, рекол Грлич Радман.

Се очекува дека Помпео за време на посетата на Хрватска ќе се сретне со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи Радман.

Помпео неодамна ги посети Полска, Чешка и Словенија. Ги предупреди на опасност од растечко влијание на Кина и Русија, а се очекува истото да го направи и во Хрватска.

Кој став ќе го заземе Хрватска по прашањето за 5Г-технологијата од Кина и дали ќе потпише со САД заедничка изјава за безбедност на 5Г-мрежа, Грлиќ Радман не сакал да одговори, но порачал дека ќе се разговара за тоа, а за деталите и датумот (за пристигнувањето на Помпео) навремено ќе ги информира медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија38 минути

Пред Oпштина Центар немаше насилство, рече адвокатот на Трајковски, кој за споредба пушташе снимки од шарената револуција

На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ завршни зборови даде Александар Трајковски, кој е обвинет дека е директен извршител...

Македонија2 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Култура3 часа

Со „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва завршува филмскиот фестивал „Синдејес“

Филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, вечерва ќе го затвори 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“, по што...

Регион3 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ3 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија3 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија3 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија5 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа5 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија6 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа7 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет7 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет17 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет18 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет20 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет21 час

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија21 час

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Досие