Свет
Откриена вистинската причина зошто Мишел Обама нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп
Поранешната прва дама Мишел Обама нема да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари, а откога почнаа шпекулациите за развод со Барак, американските таблоиди излегоа со, како што велат, вистинските причини. Според изворите, Мишел е решена да остане доследна на своите верувања и да не учествува во настани што не се во согласност со нејзините вредности.
Така, таа нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп бидејќи тоа би било во спротивност со нејзините верувања.
Оваа одлука е во спротивност со неодамнешните напори на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Барак Обама, кој се обидува да покаже единство на разни начини. Барак неодамна беше виден на погребот на поранешниот претседател Џими Картер како срдечно разговара со Трамп, а моментот на нивниот близок разговор предизвика многубројни реакции на социјалните мрежи.
Извор близок до Мишел за „Пејџ сикс“ изјави дека поранешната прва дама нема потреба да биде присутна на инаугурацијата или да одржува површни односи со Трамп. „Мишел никогаш не била неискрена или површна. Секогаш внимавала каде се појавува и зошто. Нејзиното отсуство на инаугурацијата јасно кажува сѐ што треба да се каже“, рекол изворот.
Поранешната прва дама е позната по своите отворени ставови, а нејзината одлука да не присуствува на овој настан натера многумина да се запрашаат – што вели ова за нејзиниот сопруг, кој се труди да одржи пристојни и срдечни односи со Трамп и покрај нивните политички разлики?
Трампови не присуствуваа на инаугурацијата на Џо Бајден во 2021 година, со што ја прекинаа традицијата поранешните претседатели и нивните сопружници да учествуваат на церемониите за инаугурација на своите наследници, дури и кога припаѓаат на спротивната политичка партија.
Барак Обама е потврден како учесник на годинешната инаугурација, а Мишел реши да не се оправдува за своето отсуство. Претходно, нејзиното отсуство од погребот на Картер беше образложено со конфликт за распоред, но во овој случај не беше наведена официјална причина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

