Контакт

Вести

Патнички авион остана без тркала при слетување во Шенжен

Објавено пред

Кинески авион со 166 патници принудно слета на аеродромот во Шенжен при што му отпаднале две тркала.

Како што соопшти кинеската администрација на Цивилното воздухопловство, авион на компанијата „Капитал ерлајнс“ полетал од Пекинг, кога екипажот пријавил дефект на еден од моторите на авионот „ербас А320“. При слетување на авионот му отпаднале две тркала, јави „Ројтерс“.

Во авионот имало 157 патници и 9 членови на екипажот. Пет патници се здобиле со лесни повреди.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Рекордни 50 Целзиусови степени измерени во Израел

Објавено пред

Топлотниот бран кој оваа недела го зафати Израел во средата го достигна врвот во Содом, кај Мртвото Море, кога биле измерени 49,9 Целзиусови степени.

„Тоа е највисока температура што некогаш е измерена од основањето на државата во 1948 година и втора највисока некогаш забележана во тоа подрачје откако е почнато бележење на временските услови во 20-тите години“, соопшти Израелската метеорлошка служба.

Највисоката температура била измерена во 1942 година – 54 степени во комуната Тирта Цви на северот на Долината Јордан.

„Иако екстремни температури биле измерени и во неодамнешното минато, новиот рекорд покажува дека глобалните климатски промени и затоплувањето влијаеле на просечните температури“, објави Метеролошката служба.

Од таму навеле дека се очекува затоплувањето да продолжи и дека ќе има екстремни топлотни бранови и нови рекордни високи температури.

Екстремно топло време по должината на брегот на Средоземното Море е ретко и се случува еднаш во пет до десет години, но во последната деценија станува сè почесто на секои две-три години.

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон има нов шеф, стариот се повлекол за да поминува повеќе време со семејството

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека вршителот на должност министер за одбрана, Патрик Шенахан, ја повлекол кандидатурата за прв човек на американската војска. Трамп рекол дека Шенахан сака да поминува повеќе време со семејството.

Нов вршител на должност шеф на Пнетагон ќе биде актуелниот државен секретар задолжен за војската, Марк Еспер.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Пронајдено телото на магионичарот кој скокна во река врзан со синџири

Објавено пред

Индиската полиција го пронајде телото на магионичарот кој врзан со синџири беше спуштен во река обидувајќи се да го изведе познатиот трик на Худини. Чанчал Лахири (42) исчезнал во неделата попладне.

Поентата на целата точка била магионичарот да се ослободи од синџирите и да отплива на сигурно. Меѓутоа, тој не испливал од реката.

Набљудувачите на настанот ја известиле полицијата за исчезнувањето на магионичарот, која веднаш почнала потрага.

„Гардијан“ објави дека тој пред насобраната публика рекол:

„Ако можам да се ослободам – тоа ќе биде магија. А ако не успеам – тоа ќе биде трагедија“.

Сè уште врзано со челични синџири, неговото тело испливало на брегот на реката на еден километар оддалеченост од местото каде што почнал да го изведува трикот.

Ова не е првпат Лахири да се обиде да изведе трик под вода. Пред 20 години тој се спуштил во река врзан во стаклена кутија. Тогаш трикот го направил успешно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Свет2 часа

Помпео: Иран не уапсил агенти на ЦИА

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги отфрли тврдењата на Техеран дека се уапсени агенти на ЦИА во Иран и осудени...

Македонија2 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Свет3 часа

Најавени низа оставки во британската Влада, една веќе поднесена утрово

Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, утрово поднесе оставка. Се очекува вкупно 12 министри неделава да ја напуштат...

Економија3 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините еуросупер БС-95...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија4 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет6 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет6 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет6 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет7 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет7 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет8 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија18 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија20 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион21 час

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија24 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие