Свет
Пентагон потврди: Напаѓачот на Доналд Трамп немал никаква врска со армијата
Пентагон потврди дека напаѓачот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Томас Метју Крукс, немал врска со војската.
„Потврдивме со секој разгранок на војската дека нема воена припадност на осомничениот со тоа име или датум на раѓање во која било гранка, активна или резервна компонента во нивните соодветни бази на податоци“, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик С. Рајдер, пренесе Би-би-си.
“We’ve confirmed with each of the military service branches that there is no military service affiliation for the suspect with that name or date of birth in any “, Pentagon spokesperson Maj Gen Patrick S Ryder says.#Trump #shooter #Pennsylvania #TrumpAssasinationAttempt #USA pic.twitter.com/WpTnWJllZX
— VISHAL KUMAR (@beingvishal21) July 14, 2024
Трамп беше повреден во пукање во саботата вечерта за време на митинг во Батлер, Пенсилванија.
Според американската тајна служба, напаѓачот и најмалку еден посетител на состанокот биле убиени, а уште две лица, кои присуствувале на состанокот, биле тешко повредени.
ФБИ соопшти дека 20-годишниот Томас Метју Крукс, кој беше убиен, е идентификуван како осомничен за обидот за атентат врз Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Господине Трамп, најдете си живот – Бајден лут поради коментарите на експретседателот за ураганот на Флорида
Американскиот претседател, Џо Бајден, одржа брифинг за новинарите за ураганот Милтон.
Тој рече дека обновата на погодената област ќе чини неколку милијарди долари и ќе трае долго.
Американскиот претседател се осврна и на коментарите на експретседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош, нарекувајќи ги „бизарни“.
Запрашан дали разговарал со Трамп, Бајден одговори: „Се шегуваш?“, а потоа му понуди совет на републиканскиот претседателски кандидат.
„Господине Трамп, најдете си живот за себе. Помогнете им на овие луѓе“, изјави Бајден од Вашингтон.
Свет
Расте бројот на мртви од ураганот на Флорида
Бројот на загинати во ураганот на Флорида, САД, се искачи на 11 лица, јавува „Ен-би-си њуз“.
Последната жртва е возач на автомобил врз којшто паднало дрво во округот Цитрус.
Претходно, два смртни случаи беа пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири беа предизвикани од торнада.
Регион
Вучиќ го пречека Ердоган на аеродромот: „Добредојдовте во Србија, драг пријателe“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на аеродромот Никола Тесла го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Според програмата на посетата, в петок во 11 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред палатата „Србија“, по што ќе следи средба на двајцата претседатели, јавуваат српските медиуми.
Потоа ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од двајцата претседатели.
„Добредојдевте во Србија драг пријателe. Вашата возвратна посета е уште една можност за дополнително зајакнување на нашите пријателски односи и соработка. Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, му порача претседателот Вучиќ на турскиот колега по пристигнувањето во Белград.
View this post on Instagram
Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.