Свет
Пентагон стравува од ласери што би можеле да ги нападнат американските сателити
Новиот извештај на Пентагон за закани во вселената предупредува дека Кина и Русија се способни да ја загрозат извонредната позиција на САД вклучувајќи ги и ласерите што би можеле да ги нападнат и уништат американските сателити.
„Кина и Русија развиваат разни средства за да ја оспорат позицијата на САД во вселената“, се вели во извештајот на Aгенцијата за воено разузнавање.
Извештајот, објавен во понеделникот, е со наслов „Предизвици за безбедноста во вселената“ и ги испитува способностите на Русија, Кина, Иран и на Северна Кореја.
Американските сателити играат важна улога во сè, од навигацијата, таргетирањето оружје и собирањето разузнавачки информации, вклучувајќи ги и контролата на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја и следењето на воената активност на Русија и Кина. Тие исто така располагаат со сензори вклучени во откривањето на непријателските проектили.
Извештајот доаѓа кога кинеската влада сè повеќе ја засилува својата вселенска програма станувајќи прва нација што во јануари слета на најодалечената страна на Месечината. Растот на способностите на Кина во вселената и потребата да се заштитат американските сателити биле наведени од страна на администрацијата на Трамп како причина зошто на САД им требаат вселенски сили.
Министерството за надворешни работи на Кина допрва треба да одговори на новиот извештај на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

