Свет
Петмина работници во погони во Австралија украле 250 тони лосос вреден милиони долари
Две жени и тројца мажи се обвинети за кражба на речиси 250 тони лосос во вредност од над четири милиони австралиски долари (околу три милиони американски долари) од фабрика за преработка во Сиднеј, соопшти полицијата од Нов Јужен Велс.
Полицијата почнала истрага во декември минатата година кога извршен директор на компанија за одгледување и преработка на лосос открил дека дневно исчезнуваат околу 600 килограми лосос од неговата фабрика за преработка во Инглбурн, град југозападно од Сиднеј.
Истрагата резултирала со апсење две работнички и тројца работници во фабриката. Сите тие веднаш добиле откази.
Полицијата извести дека петмината вработени во фабриката ги користеле своите позиции за лажно да оценуваат врвни производи од лосос како отпаден материјал, што потоа го ваделе од фабриката во свој аранжман и го продавале или разменувале за други производи.
Полицијата објави дека наведените работници, членови на синдикатот, наводно украле над 250 тони лосос во периодот меѓу јуни и декември 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

