Свет
Повеќе од 1.600 повредени на протестите во Чиле
Најмалку 1.659 лица биле пренесени во болница со повреди здобиени за време на протестите во Чиле од 17 октомври досега, соопшти Националниот институт за човекови права, пренесува ТАСС.
Според институтот, 40 лица се здобиле со рани од огнено оружје, 473 лица се повредени со малокалибарско оружје, додека други 305 имаат рани од идентификувано оружје. За време на протестите биле приведени околу 4.364 лица, вклучувајќи 479 малолетници.
Во понеделникот масовните протести против социјалната политика на владата го погодија главниот град и другите градови во Чиле, на кои беа забележани судири со полицијата. Според чилеанската полиција, двајца полицајци биле хоспитализирани со сериозни изгореници на лицето, откако демонстрантите фрлиле молотови коктели кон нив.
Граѓанските немири избија во чилеанскиот главен град Сантијаго на 14 октомври откако властите ги подигнаа цените на метрото во просек за 30 пезоси (0,04 долари) на 850 пезоси (1,2 американски долари). Немирите подоцна се проширија во другите градови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

